Животот на Луи Витон: Како детето од село што побегнало од лошата маќеа стана омилен дизајнер на царицата и светски моден бренд?
За да побегне од лошата маќеа, 3 години патувал пеш од родното гратче до Париз. Таму брзо го совладал занаетот за креирање ковчези и кутии за патување, станал дизајнер на куфери на сопругата на Наполеон Трети – Кој бил Луи Витон, основачот на познатиот луксузен моден бренд кој имал скромни почетоци.
Нема кој не слушнал за познатиот бренд Louis Vuitton, но колку знаете за човекот што стои зад овој бренд?
Louis Vuitton е бренд чиишто производи никогаш не се продаваат на распродажба, а неговите модели се едни од најкопираните во светот.
Иако денес ова име е синоним за луксуз, основачот на компанијата имал мошне скромни почетоци, и неговата приказна малку наликува на некои од познатите бајки.
Во продолжение неколку интересни факти што можеби не сте ги знаеле:
Луи Витон бил роден во 1821-ва година во малото француско гратче Анше, а потекнува од семејство на работници. Татко му бил фармер, а мајка му шапкарка.
Кога бил многу мал, мајка му починала, а татко му се оженил со друга жена која, според биографиите, кон Луи се однесувала како лошата маќеа во „Пепелашка“.
Заради ова Луи одлучил да побегне од дома на возраст од само 13 години. Без превозно средство, тој до Париз патувал пеш цели 3 години, а по пат наоѓал работа на повеќе места со цел да си обезбеди храна и ноќевалиште.