Се „нафрлил“ врз неа по првата средба, сакала да ја откаже свадбата - Помалку познати детали од врската на Дијана и Чарлс
Се запознале кога таа имала само 16 години, а нејзината сестра рекла дека не би се омажила за него „без разлика дали е слуга или крал“. Дијана сакала да ја откаже венчавката, но сестрите сепак ја убедиле да не го направи тоа – Помалку познати факти за врската на Чарлс и Дијана...
Љубовната приказна на Принцот Чарлс и принцезата Дијана е тажна приказна, што многумина сметаат дека ја знаат во целост, благодарение на големиот број книги, документарни филмови и ТВ серии направени за нивниот живот.
Дијана трагично почина само една година откако официјално нивниот развод доби судска разрешница, откако претходно јавно во медиумите говореше за нивните брачни проблеми, аферите на сегашниот крал и за тоа како навистина се чувствувала.
Од нивниот развод се поминати 26 години, но нивната врска е една од оние што најмногу остави впечаток кај јавноста.
Приказната ја знаат сите: Чарлс се оженил за 19-годишната Дијана, ја изневерувал и имал афери, а таа наместо да молчи, почна јавно да говори за проблемите, по што следуваше развод и смртта на принцезата.
Сепак, постојат повеќе помалку познати детали, што повеќето ги заборавиле.
Во продолжение издвојуваме неколку помалку познати факти и детали за нивната врска и брак:
Дијана и Чарлс се запознале во 1977-ма година кога таа имала само 16 години, а тој се гледал со нејзината сестра Сара.
Чарлс допатувал на нивниот имот во Нортхамптоншир, каде требало да оди на лов. Во подоцнежно интервју вели дека Дијана уште тогаш го привлекла затоа што била мошне „забавна личност“.
Една година подоцна, во 1978-ма година Чарлс и Сара заминале на скијање каде биле фотографирани од папараци. Наводно, тука, Сара дала изјава за медиумите во која рекла дека „нема да се омажи за него, без разлика на тоа дали е слуга или крал на Англија“.
Се верува дека заради оваа навредлива изјава Чарлс раскинал со Сара. Но, и двете сестри го продолжиле контактот со него, па дури присуствувале на забавата по повод неговиот 30-ти роденден во Бакингемската палата.
Во 1980-та година, Дијана веќе била полнолетна, па така таа и Чарлс биле поканети да престојуваат во семејниот дом на нивниот заеднички пријател Филип де Пас во Сасекс.
Токму тука, Чарлс за првпат почнал отворено да разговара со Дијана, а се верува дека таа му пружила утеха заради смртта на неговиот прадедо со кого тој мил мошне близок, Лорд Маунтбатен.
„Во следната минута се фрли врз мене, па нештата оттука почнаа да се развиваат понатаму“ – раскажува Дијана во документарниот филм Diana: In Her Own Words.
Истата година во септември, Дијана била фотографирана во Балморал во Шкотска, по што јавноста дознала за нивната врска.
По само неколку состаноци, во 1981-ва година Чарлс ја запросил Дијана, по што медиумите почнуваат веднаш да покажуваат огромен интерес за неа.
Во нивното прво заедничко интервју новинарите им поставиле прашање дали се вљубени еден во друг, на што Дијана одговорила: „Да, секако“, а Чарлс додал „што и да значи да се биде вљубен“. Неговиот одговор може да се види на крајот од видеото: