Тажната приказна на втората љубовница на Чарлс, што сите ја заборавија - била опседната со него, не криела дека имаат афера
-->
Откако ја прекинала врската со Чарлс, таа се посветила на семејството, но била мошне несреќна. Во 80-тите години ѝ бил дијагностициран рак на матката со кој долги години се борела, за во 1996-та година да ѝ биде кажано дека ја победила подмолната болест. По ова таа морала да оди на рехабилитација каде се одвикнувала од лекови за смирување болка.
Додека била на клиниката за рехабилитација Канга паднала од прозорец и го скршила ‘рбетот. Додека закрепнувала таа тврдела дека некој ја турнал, но сите сметале дека најверојатно измислува и всушност самата скокнала.
Само неколку недели по фаталниот пад, нејзиниот сопруг ѝ соопштил дека сака развод, а потоа следел и финалниот удар.
Додека возела кон имотот на село Канга била уапсена и задржана во полиција затоа што почнала да фантазира дека некој се обидува да ја убие.
-->
Го загубила принцот, се развела и останала без покрив над глава. По разводот со сопругот, одлучува да се пресели во хотелот Риц, но она што јавноста не го знаела е дека зависноста од лекови, Канга ја заменила со зависност од алкохол.
Според написите од тоа време Канга во последните месеци од својот живот била опседната со принцот Чарлс. Така, во една прилика во јули 1997-ма година, таа била забележана како со инвалидска количка го брка Чарлс на поло меч за да разговара со него.
Во тоа време Чарлс го тресеа скандали по разводот, а потоа и смртта на Дијана и тој во една прилика изјави дека со Канга се слушаат еднаш или двапати годишно, но дека повеќе не се пријатели како што биле во минатото.
-->
-->
По ова, Канга одлучила да отпатува во Индија каде се заразила со вирус и морала да се врати во Обединетото Кралство. Во својата татковина таа била веднаш хоспитализирана, но лекарите не успеале да ја спасат. Починала само два месеца пред да го дочека својот 50-ти роденден во ноември 1997-ма година.
-->
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н...
Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик...
Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин...
Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу
Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада...
За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи
10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
-->