18 правила за успешен и среќен живот - Далај лама

Мал број личности во светот имаат легитимитет за делење животни совети за успехот, кариерата, љубовта, пријателството или семејството како што има Далај-лама.

 18te-pravila-za-uspesen-i-sreken-zivot-na-dalaj-lama-01.jpg

На почетокот на новиот милениум тој објави 18 правила за успешен и среќен живот, кои во секојдневнието може да ги применуваат сите луѓе независно од религиската и политичката припадност.

1. Имајте на ум дека големата љубов и големите успеси задолжително вклучуваат и голем ризик.

2. Во животот не можете да победите секој пат, но многу е важно и кога ќе бидете поразени да ја научите лекцијата.

3. Почитувајте се себе си, почитувајте ги другите и преземајте одговорност за сопствените дела.

4. Понекогаш, најдоброто нешто што може да ви се случи е да не го добиете она што го сакате.

5. Добро научете ги правилата за да знаете добро и да ги прекршите.

6. Не допуштајте малите несогласувања да влијаат на големо пријателство.

7. Кога ќе сфатите дека сте погрешиле, веднаш направете сè за да ја исправите грешката.

8. Секој ден одвојте барем малку време за себе.

9. Не се плашете да пробате нешто ново, но не ги напуштајте своите вредности.

10. Тишината понекогаш е најгласниот одговор.

11. Живејте добар и чесен живот. На тој начин, кога ќе остарите и ќе почнете да размислувате за својот живот, можете во него да уживате и по втор пат.

12. Атмосферата преполна со љубов во вашиот дом е темел на вашиот живот.

13. Кога имате несогласување со саканите личности, зборувајте исклучиво за сегашната ситуација. Никогаш не го споменувајте минатото.

14. Учете и делете го своето знаење со другите. Тоа е единствен начин да станете навистина бесмртни.

15. Чувајте ја мајката природа.

16. Отидете еднаш во годината на место каде не сте биле никогаш претходно.

17. Запомнете дека најдобра врска е онаа во која вашата љубов еден кон друг е посилна од потребите еден за друг.

18. Проценете го својот успех според она од кое сте морале да се откажете за да го постигнете.

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg