Роден е во Либан, сакал да биде хокеј играч – Кој бил Киану Ривс пред да стане ѕвездата од „Matrix“?
Првите важни улоги
Во 1989-та година, Киану успеал да си заработи улога во дури три филмови – „Parenthood“, „Life Under Water“ и „Bill & Ted’s Excellent Adventure“. Тој период актерот веќе го градел својот имиџ.
Можеби не ви се гледани филмовите, но сигурно сте налетале на „мемето“ подолу. Тоа е всушност сцена од филмот „Bill & Ted’s Excellent Adventure“, од пред 30-тина години.
Бил басист во рок-бенд
Кога не снимал филмови, актерот свирел бас гитара. Киану бил басист, но и придружен вокал на бендот Dogstar, и тоа од 1991 до 2002 година. Истовремено, тој бил и еден од основачите на бендот.
Бендот не постигнал некој значаен успех, но Киану вели дека сака да свири и денес.
Неколку успешни филмски проекти
Во 90-тите актерот веќе почна да добива препознатливи улоги. Тој се појави во филмови како „Point Break“, „Dracula“ и „My Own Private Idaho“, од кои сите беа доста успешни.
Иако тој период Киану сè уште не добил главна улога, режисерите и продуцентите почнале да го препознаваат.
Прва главна улога
Во 1994-та Киану конечно доби главна улога, и тоа во филм кој подоцна стана блокбастер. Актерот, заедно со Сандра Булок, ја имаше главната улога во акцијата „Speed“ – филм кој се смета за еден од најдобрите од таа година.
Гласини за врска со Сандра Булок
Кога двајца сингл актери соработуваат, гласините за романса се неизбежни. Истото се случи и со Киану и Сандра Булок. Сепак, и двајцата изјавија дека помеѓу нив немало ништо освен пријателство и соработка.
„Matrix“ го направи име што го знаат сите
Филмот „Matrix“, кој прерасна во трилогија, се смета за еден од најдобрите на сите времиња. Приказната, неверојатните ефекти и одличната глума се нешто што дотогаш беше невидено.
Самиот филм си доби дури четири Оскари, а улогата на Нео, на Киану му донесе бројни награди и номинации. Всушност, ова е филм за кој се зборува и денес, цели 20 години после неговата премиера.
А, актерот сигурно е горд што бил дел од таков уникатен проект.
Спирова С. | Црнобело