Скандал со проститутка, не сака животни - Факти кои ја откриваат вистинската страна на Еди Марфи
Еди Марфи е еден од најдобрите комичари кои се појавиле на холивудската сцена. Нормално, и неговата кариера е исполнета не само со успеси, туку и со многу падови, но тој секогаш успевал да се врати на врвот.
Иако можеби имаат поминато десетици години од неговите најголеми проекти, Еди Марфи е актер за кој сè уште се зборува. Но, овојпат ќе се фокусираме на „лошата“ страна на акерот.
Па, прочитајте неколку непријатни факти за минатото на Еди Марфи:
Најлош актер на деценијата
Еди беше дел од неколку чудни проекти, од кои повеќето беа во 2000-тите.
И покрај импресивната кариера, во 2010-та тој си доби Златна малина за најлош актер на деценијата.
Нема среќа со врските
Изгледа дека на Еди не му оди во љубовта како во кариерата. Актерот двапати беше во брак, а во текот на целата кариера како да немал други сериозни врски.
Избегнал апсење со зборување
Во 1997-ма, актерот се нашол во навистина незгодна ситуација. Тој најмил проститутка и додека биле во неговиот автомобил, дошла полиција.
Еди со зборување успеал да го избегне апсењето, но жената била приведена.
Контроверзни изјави
Актерот е обвинет за неколку контроверзни изјави и забелешки во 80-тите и 90-тите, од кои повеќето биле насочени кон ЛГБТ заедницата.
Не сака животни
Кој би рекол дека доктор Дулитл не сака животни?
Наводно, актерот не ги мрази, но не ги ни сака животните.
Тужба за крадење идеја
Еден од најпознатите филмови на Марфи е комедијата од 1988 – „Coming To America“.
Наводно, актерот и Paramount Pictures ја украле идејата од Арт Бучвалд. Авторот напишал слична приказна, во која требало да биде вклучен и Марфи. Но, Paramount го одбиле, а потоа направиле филм со премногу сличности со неговата приказна.
Бурно напуштање на Оскарите
Појавувањето во „Dreamgirls“ беше можеби првата сериозна улога на Еди. Улогата му донесе и номинација за Оскар за најдобра споредна улога, во 2007-ма. Актерот не ја доби статуетката и наводно, кратко по доделувањето на наградата, си заминал гневен.