„Силниот коњ не може да биде израснат во дворот“: Безвремени кинески поговорки што вреди да ги запомните
„Пријател – една душа, две тела.“
„Однесувајте се со сите како што би се однесувале со некој многу важен гостин.“
„Мирисот на розата засекогаш ќе остане на дланката на оној кој ја подарил.“
„Способните луѓе секогаш добиваат повеќе задачи.“
„Нешто што сте го граделе долго време може да биде уништено за само една секунда невнимателност.“
„Нема да го зготвите оризот само со зборување.“
„За да бидете добра личност, мора да го научите тоа.“
„Оној кој не знае што да прави во неговото слободно време не е бизнисмен.“
„Да се умре значи да престанете да живеете. Но, да престанете да живеете е нешто сосема поразлично од умирање.“
„Не можете да престанете да јадете само затоа што постои можност да се задавите.“
„Најдоброто време да се засади дрво е пред 20 години. Второто најдобро време е денес.“
„Не слушајте што ви кажуваат. Одете и видете сами.“
„Патувачи, нема пат. Патот се создава како што чекорите.“
„Вистинскиот карактер на личноста се открива во моментот кога е гневна.“
Спирова С. | Црнобело