Не ги покажуваат децата, сакаат улоги во ист филм – Факти за Пенелопе Круз и Хавиер Бардем
Сакаат да соработуваат
Хавиер и Пенелопе имаат соработувано на неколку филмски проекти.
И двајцата се обидуваат да ја искористат секоја можност да работат заедно.
Се потпираат на нивното мислење
Пенелопе има изјавено дека таа и Бардем навистина си веруваат и секогаш се потпираат еден на друг. И двајцата го ценат и го земаат превид мислењето на другиот, а според актерката, ова им е од огромна помош.
„Vicky Cristina Barcelona“
Веќе кажавме дека Пенелопе и Хавиер ја имале втората средба на сетот на „Vicky Cristina Barcelona“ и тогаш се вљубиле еден во друг.
Во филмот, Хавиер глуми шпански уметник кој се обидува да заведе две Американки, но сè уште е вљубен во емоционално нестабилната поранешна сопруга. Пенелопе, пак, ја глуми поранешната сопруга.
Токму овде на виделина излегол и вистинскиот темперамент на Пенелопе, што на почетокот го заплашувал Хавиер.
Покажување нежности во јавност
Иако ја ценат својата приватност, Хавиер и Пенелопе не се срамат да му ја покажат својата љубов на светот.
Речиси и да не можете да најдете фотографија на која се разделени.
И пријателите ја забележуваат нивната љубов
Изгледа дека сите можат да ја почувствуваат хемијата помеѓу Пенелопе и Хавиер.
Режисерот на „Everybody Knows“ има изјавено:
„Се восхитував на начинот на кој Хавиер и Пенелопе поставуваа граници помеѓу реалноста и фикцијата, животот и работата. Тие се симбол за среќен и вљубен пар.“
Љубов што ќе трае
Станува јасно дека бракот на Пенелопе и Хавиер ќе трае навистина долго.
И двајцата вложуваат многу во врската и знаат како да соработуваат заедно.
Спирова С. | Црнобело