Не ги покажуваат децата, сакаат улоги во ист филм – Факти за Пенелопе Круз и Хавиер Бардем
Сите знаат кои се Хавиер Бардем и Пенелопе Круз. И двајцата се одлични актери со многу добри филмски остварувања, но кога се заедно се уште поневеројатни.
Пенелопе и Хавиер се венчаа во 2010-та и заедно имаат две деца. И двајцата се обидуваат да ја зачуваат нивната приватност, но одвреме-навреме сакаат да зборуваат за нивната врска.
Во продолжение прочитајте неколку слатки факти за врската на Хавиер и Пенелопе:
Се познавале со години пред да ја започнат врската
Хавиер и Пенелопе се вљубиле за време на снимањето на „Vicky Cristina Barcelona“, но се познавале долго пред тоа.
Првпат се сретнале на сетот на филмот „Jamon Jamon“ во 1992-ра. Врската ја започнале дури 12 години подоцна.
На почетокот Хавиер се плашел од Пенелопе
Познато е дека Пенелопе е емотивна личност која сака да ги искажува своите чувства. Но, на почетокот Хавиер се плашел од тоа.
Актерот сфатил дека Пенелопе е темпераментна жена, па се прашувал дали е подготвен за нешто такво.
Приземјен пар
Пенелопе и Хавиер не се вообичаениот холивудски пар. Всушност, многу ретко ќе слушнете за нив на социјалните мрежи или медиумите.
Најчесто, и двајцата актери споделуваат објави за проектите на коишто работат, а речиси никогаш за нивните приватни животи.
Еднаквост
Пенелопе откри дека и таа и Хавиер добиле иста сума пари за филмот „Everybody Knows“.
Периодов се зборува доста за нееднаквоста помеѓу половите, особено кога станува збор за плата, па добро е да се слушне некоја ваква вест.
Одбиваат да ја продадат нивната приватност
Парот има две деца – Луна и Лео, а актерите повеќе се грижат за приватноста на децата отколку за нивната.
„Никогаш нема да видите фотографија од моите деца на Instagram. Никогаш нема да го направам тоа. Чувствувам дека сум должна да ја зачувам нивната приватност.“