Барала ВИП третман во неразвиени земји, ја следат скандали – Која е вистинската Мадона?
Мадона владее со музичката сцена веќе неколку децении и речиси и да не постои човек кој не слушнал за неа.
Нејзината кариера која трае речиси 40 години е полна со многу успеси, важни моменти и неверојатни можности, но и многу падови и засрамувачки ситуации.
Во продолжение прочитајте неколку факти што ќе ви помогнат да дознаете која е вистинската Мадона:
Има забрана за посета на Кина и бродвејски шоуа
Секој актер, но и љубител на театарската и филмската индустрија ќе ви каже колку е непристојно користењето на телефонот додека гледате нешто. Изгледа дека на Мадона не ѝ е грижа за тоа.
Наводно, кога присуствувала на проекција на филмот 12 Years A Slave, Мадона била забележана како си пишува пораки на телефонот. Ова, пак, резултирало со забрана за посета на кино салите Alamo Drafthouse.
Мадона го направила истото и на претстава на Бродвеј, па добила забрана да се појави на сите наредни изведби.
Строг родител
„Бунтовник“ е зборот кој најчесто се поврзува со Мадона, па сигурно ќе ве изненади кога ќе дознаете дека таа е строг родител.
Всушност, дури и нејзините деца сметале дека мајка им премногу сака да ги контролира.
Барала „ВИП“ третман за време на посетата во Малави
Обично кога познатите одат во неразвиени држави, забораваат дека се ѕвезди и се однесуваат скромно. Но, ова не важи за Мадона.
Кога пејачката ја посетила Малави во 2013-та, се појавија гласини дека барала да го сретне претседателот, но и да добие посебен третман од сите бидејќи, нели, е ѕвезда.
Ја искористи принцезата Дијана за да си го промовира албумот
Во 2015-та, Мадона ја искористи принцезата Дијана за да го промовира нејзиниот албум Rebel Heart. Истовремено, таа ги искористи и лицата на неколку влијателни личности, како Нелсон Мандела и Мартин Лутер Кинг.
На многумина не им се допадна ова, но Мадона се оправда велејќи дека и овие луѓе имале „бунтовно срце“, како насловот на нејзиниот албум.
Неуспешен обид за добротворна работа
Многу познати го користат своето богатство и своето влијание за да го направат светот подобро место.
Мадона се обиде да го направи истото во Малави, Африка, па дури основа и фондација за таа цел.
Сепак, во 2011-та, Мадона и фондацијата беа спречени во обидот да отворат училиште поради проблеми со менаџирањето и финансиите.
Го изненади Дрејк со бакнеж
Во 2015-та, Мадона и Дрејк настапуваа на Коачела. На тој настап, Мадона го бакна пејачот, а тој изгледаше како да му се згади.
Подоцна Дрејк изјави дека бил изненаден и затоа реагирал така, но и дека му било вистинска чест што го бакнала Мадона.
Непристојно однесување на интервју
Сите сме изгледале интервју каде што гостинот или водителот се чувствувале нервозно, имале лош ден или прашањата биле непријатен.
Но, додека беше на шоуто на Дејвид Летерман, Мадона без причина се однесуваше непристојно, па дури и го навреди водителот.