Заштитно лице на „BVLGARI“ и бунтовна феминистка - интересни факти за извонредната Токио од „La Casa De Papel“
Шпанската ТВ серија „La Casa De Papel“ е дефинитивно една од најгледните серии на Netflix.
Првично било планирано оваа серија да има само две сезони, но поради енормната популарност, веќе сме во исчекување на четвртата, која ќе биде објавена на 3 април, на платформата Netflix.
Една од улогите за кои се крена голема прашина е младата Токио, борбена и бунтовна девојка, која за време на прецизно планираниот проект се вљубува во неодоливото момче по име Рио.
Зад улогата на овој женски лик стои Урсула Корберо, актерката која со улогата во оваа серија привлече големо внимание и придоби голем број на фанови ширум целиот свет.
Во продолжение ви претставуваме 10 интересни факти за оваа извонредна актерка:
1. Урсула Корберо е родена во Барселона во 1989 година, а се преселила во Мадрид во 2008 година, по добивањето на улогата во серијата „Física o Química“.
2. Урсула својата филмска кариера ја започнува уште од рана возраст.
Таа запливала во актерските води на свои 13 години, глумејќи во серијата „Ventdelplà“, која била одличен почеток за неа.
3. Освоила повеќе награди за серијата „Física o Química“, од која едната е Наградата за најдобра актерка.
4. Ако мислевте дека ликот на Токио е целосно креиран од страна на режисерите, се лажете.
Урсула вложила навистина многу напори, не само во нејзиното пронаоѓање во него, туку и во додавањето на нејзин личен печат.
Во едно од своите интервјуа, таа изјавува дека особена инспирација црпела од Натали Портман.
5. Корберо е љубител на животни, а оние кои ја познаваат велат дека таа е опседната со нив.
Овој факт лесно може да се забележи преку видеата и фотографиите кои таа ги објавува на нејзиниот Инстаграм профил.