Се возат во јавен превоз, носат скромна облека – Факти за норвешкото кралско семејство

Сите го сакаат спортот

Норвешкото кралско семејство активно се вклучува во секакви спортски активности. Наводно, најмногу го сакаат едрењето.

Знаевте ли дека кралот Харалд V ја претставуваше државата на Олимписките игри во 1964, 1968 и 1972? Неговиот татко, пак, Олав V, бил олимписки шампион.

fakti-za-norveshkoto-kralsko-semejstvo-shto-kje-ve-nateraat-da-go-sakate-povekje-od-britanskoto-07.JPG

Се грижат за околината

Принцот Хокон веќе 15 години вози електричен автомобил.

Семејната палата, пак, е опремена со соларни панели и целото семејство се обидува да користи што е можно помалку пластика. Принцот и сопругата често ги поттикнуваат и другите да се грижат за околината и да намалат со трошењето вода и струја.

Кралското семејство не носи облека од природно крзно, а државата, има план целосно да го искорени производството на крзно до 2025-та.

fakti-za-norveshkoto-kralsko-semejstvo-shto-kje-ve-nateraat-da-go-sakate-povekje-od-britanskoto-08.JPG

Го ценат едноставниот живот

Замислете си да видите принц или крал во јавен превоз. Норвежаните се навикнати на ова – кралското семејство редовно користи јавен превоз.

Притоа, тие не одат на одмори со приватни авиони на приватни острови, не се кријат зад високи огради и не најмуваат застрашувачки телохранители. На пример, минатото лето принцот и семејството беа во Ибица и беа забележани помеѓу „обичните“ луѓе на плажата.

Мете-Марит на нејзината венчавка не носеше екстравагантен фустан и немаше церемонија кога излегуваше од болница после породувањето.

Децата на принцот и Мете-Марит одат во нормално јавно училиште.

fakti-za-norveshkoto-kralsko-semejstvo-shto-kje-ve-nateraat-da-go-sakate-povekje-od-britanskoto-09.JPG

Принцезата Марта Луиз е вистински бунтовник

Принцезата често ги прекршува правилата, па можете да ја видите во фармерки, како се качува по дрвја и како живее обичен живот.

Таа се откажа од нејзината титула и државните пари и сега живее во обична куќа, вози камион и плаќа даноци. Сама се грижи за своите деца, како и сите Норвежани.

Можеби најмногу внимание привлече нејзиниот развод, но и нејзината врска со маж кој себеси се нарекува духовен шаман.

fakti-za-norveshkoto-kralsko-semejstvo-shto-kje-ve-nateraat-da-go-sakate-povekje-od-britanskoto-10.JPG

Синот на Мете-Марит и неговата девојка се „норвешките Меган и Хари“

21-годишниот Маркус се откажа од кралските должности и сега самиот заработува за живот.

Неодамна тој почна врска со моделот Џулијан Снекестад, а медиумите брзо почнаа да ги нарекуваат „норвешките Хари и Меган“.

Кога јавноста почна да ги критикува, кралското семејство застана зад нив, изјавувајќи дека Маркус има право на слобода во приватниот живот.

fakti-za-norveshkoto-kralsko-semejstvo-shto-kje-ve-nateraat-da-go-sakate-povekje-od-britanskoto-11.JPG

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

8 факти што докажуваат дека Норвешка е земја како никоја друга Норвешка го поседува најдалечниот остров на светот, а има и најмногу олимписки м...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Се запознале откако актерот усмрти мајка и ќерка во сообраќајка – Факти за Сара Џесика Паркер и Метј... Се запознале во 1991-ва, кога биле во врски со други луѓе, но ги оставиле партне...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg