Се возат во јавен превоз, носат скромна облека – Факти за норвешкото кралско семејство
Целиот свет будно ги следи чекорите на британското кралско семејство. И покрај тоа што во светот постојат неколку монархии, поради некоја причина, Британците привлекуваат најмногу внимание.
Но, едно од кралските семејства за кое навистина вреди да се зборува е она од Норвешка.
Во продолжение погледнете неколку факти за норвешкото кралско семејство што ќе ве натераат да го засакате:
Најсиромашно кралско семејство
Знаевте ли дека кралот на Норвешка е еден од „најсиромашните“ монарси на Земјата?
Во споредба со другите кралски семејства во Европа, неговото семејство е најскромно. Сите се облекуваат едноставно, дури и на важни настани, па неретко луѓето не ги ни препознаваат.
Она што е уште поважно, тие не заработуваат од данокот на луѓето, туку заработуваат сами.
Кралот Харалд V жртвувал сè за љубов
Харалд и Соња надминале многу пречки за да бидат заедно и денес, нивниот брак е еден од најсилните помеѓу кралските семејства.
Тие се запознале на забава кај заеднички пријател и тој период Соња била продавачка која сонувала да стане моден дизајнер.
Парот ја криел љубовта цели 9 години, бидејќи таткото на Харалд, Олав V, никако не дозволувал син му да биде во врска со обична девојка.
Но, благодарение на медиумите, нивната врска стана јавна, а целата држава го поддржуваше изборот на престолонаследникот.
Кога Харалд повеќе не можел да го издржи притисокот од татко му, изјавил дека или ќе се венча со Соња, или цел живот ќе биде ерген. Со оваа одлука, тој се откажувал и од тронот.
На крај, татко му попуштил и Харалд и Соња се можеби најсреќниот кралски пар.
Синот на кралот се венчаше со самохрана мајка
Принцот Хокон како да ги следел стапките на татко му – и тој се вљубил во обична девојка која ја запознал на музички фестивал.
Но, Мете-Марит имала вонбрачен син, а во младоста се случувало да проба нелегални супстанци.
Општеството не било подготвено да ја прифати како партнерка на принцот, но тој свика прес-конференција на која зборуваше за нивната љубов.
Искреноста на парот ги убеди Норвежаните дека нивната љубов сепак е судена.
Денес тие имаат две нивни деца, а принцот се грижи и за синот на Мете-Марит.
Принцезата Ингрид Александра е идната кралица на Норвешка
Принцезата Ингрид ќе ја промени историјата – освен неа, Норвешка имала само една кралица, и тоа на крајот на 14-тиот век. Ова значи дека Ингрид ќе биде првата норвешка кралица во последните 6 века!
Семејството има одлична смисла за хумор
Принцот Хокон не се срами да кажува шеги дури и на официјални настани.
На пример, на годишнината на неговите родители тој исчезна, за повторно да се појави, но без неговата брада. Принцот никогаш претходно ја немал избричено брадата.
На едно појавување на семејството на балконот, принцот и сопругата почнаа да пеат со детскиот хор, а принцот дури и танцуваше.
Принцот Свере ја наследил смислата за хумор од татко му и на истиот настан правеше секакви гримаси.