Проблеми со алкохол, три веридби, филантропија - Факти со кои подобро ќе го „запознаете“ Бред Пит
Беше верен трипати
Сите знаат дека Бред се вери и се венча со Џенифер Анистон и Анџелина Џоли. Но, знаевте ли дека актерот беше верен и со актерката Гвинет Палтроу?
Парот беше заедно од 1994, а ја раскинаа свршувачката во 1997.
Тој е вистински филантроп
Бред Пит соработуваше и сè уште соработува со бројни добротворни организации. Тој беше дел од кампањата Nelson Mandela’s 46664, помага во борбата против СИДА и има донирано за истражување на матични клетки.
Има шест деца
Додека беше со Анџелина, познатиот пар оформи навистина големо семејство.
Бред е татко на дури шест деца – Шајло, Вивиен, Захара, Медокс, Пакс и Нокс.
Шајло, Вивиен и Нокс се биолошки деца на парот, а останатите се посвоени од сиропиталишта во Камбоџа, Етиопија и Виетнам.
Уште гласини за неверство
Бред и Анџелина се венчаа дури 9 години откако ја започнаа врската, но и овој брак не помина без гласини за афера.
Во 2016-та актерот глумеше во „Allied“, каде што колешка му беше Марион Котијард. Не помина долго пред јавноста да почне да зборува за нивната наводна афера.
Семејни проблеми
Се откри дека многу работи ја натерале Анџелина да поднесе барање за развод од Бред.
Иако алкохолизмот и неверство се веројатно најголемите причини, се појавија гласини дека Бред имал и физичка пресметка со најстариот син Медокс.
Наводно, ова се случило кога Медокс се обидувал да ја прекине расправата помеѓу Бред и Анџелина.
Оттогаш, односот на таткото и синот е влошен.
Пријателства во Холивуд
Бред се запознал со многу актери и актерки во неговата кариера, но малкумина успеале да му станат блиски пријатели.
Во изминативе неколку години, актерот очигледно ужива во друштвото на Леонардо ди Каприо.
Првиот Оскар го доби после 33 години глумење
После 33 години актерска кариера, Бред конечно доби Оскар за најдобар актер, и тоа за улогата во „Once Upon a Time in Hollywood“.
Иако звучи изненадувачки, до овогодишните Оскари, Бред немаше добиено ниту еден Оскар за глума.
Сепак, доби статуетка за продукција, за филмот „12 Years a Slave“.
Спирова С. | Црнобело