10 факти за неверојатните жени од НАСА
Повеќето луѓе ја гледаат НАСА како „клуб за момчиња“. На некој начин, во поголемиот дел од времето ова било вистина.
Иако можеби овде сè уште доминираат мажите, некои жени направиле вистинска разлика не само во НАСА, туку општо во науката.
Во продолжение дознајте нешто повеќе за неверојатните жени од НАСА:
Жените од „Hidden Figures“ се уште поневеројатни во реалноста
Филмот „Hidden Figures“ од 2017-та им го даде потребното признание на трите Афроамериканки кои работеа за НАСА во 1960-тите. Но, нивната приказна е многу поинтересна од она што го прикажува филмот.
Едната од нив, Кетрин Џонсон, завршила средно на 14 години, а веќе на 18 имала универзитетска диплома по математика.
Сели Рајд го учела тимот на НАСА за менструацијата
Пред нејзиниот историски лет во 1983-та, Сели Рајд морала да им одржи предавање по биологија на инженерите од НАСА.
Мажите кои биле одговорни за пакувањето на Сели за вселенското патување, ја прашале дали ќе ѝ бидат доволно 100 тампони за седум дена.
Нормално, Сели им кажала дека слободно можат да го преполоват бројот.
Трагичната судбина на Challenger и Криста Меколиф
Криста Меколиф беше избрана од 11.000 други наставници, како првата наставничка која ќе оди на вселенска мисија.
За жал, нејзината мисија, но и нејзиниот живот завршија само 73 секунди после лансирањето на леталото Challenger.
На 28-ми јануари 1986-та, леталото експлодира, убивајќи ги Криста и 6-те астронаути кои беа дел од екипажот.
Идејата зад програмата беше Криста да снима предавања во вселената, кои потоа ќе им бидат пуштани на учениците низ САД.
Криста никогаш не успеа да ги сними предавањата, но во 2018-та, астронаутите Џо Акаба и Рики Арнолд го направија тоа на Меѓународната вселенска страница. Предавањата се достапни на веб-сајтот на НАСА.
Мае Џејмисон се обидува да ја промовира научната писменост
Поминаа повеќе од 25 години откако Мае Џејмисон стана првата Афроамериканка која отпатува во вселената и до денес ги инспирира надежните научници.
Нејзината цел е да вклучи што е можно повеќе луѓе во програмата STEM (скратено од наука, технологија, инженерство и математика). Истовремено, таа сака да им помогне на луѓето да научат сè што треба за да го разберат светот околу нив.
Можеби најинтересниот факт за неа е што таа се плаши од височини. Наводно, Мае се потпрела на нејзината сила и на нејзиното его за да го издржи лансирањето.
Личноста со најдолг престој во вселената е жена
Астронаутот Меги Витсон има соборено неколку рекорди на НАСА. Таа е Американец кој има поминато најмногу време во вселената и е жената која извелс најмногу вселенски прошетки – дури 10.
Во 2016-та, на 56-годишна возраст, таа стана и најстарата жена која отишла во вселената, но и првата жена која двапати била командант на Меѓународната вселенска станица.