10 факти за неверојатните жени од НАСА
Жена е дел од програмата Expedition 60
Моментално, на Меѓународната вселенска станица има 6 астронаути кои се дел од програмата Expedition 60. Една од нив е Кристина Кох.
Оваа програма вклучува истражувања за биологијата, човечкото тело, физичките науки и технологиите.
Експериментите се состојат и од 3Д печатење на ткиво кое наликува на органско, во микрогравитација.
Жени го надминале Џон Глен на тестовите за летање
Пред Џон Глен да замине во вселената во раните 1960-ти, група жени ги поминале истите тестови како и него.
Една од нив, Воли Фанк, дури и ги опиша тестовите:
„Немаше ни едно влакно, заб, кожа, нокт… дел од моето тело кој не беше тестиран, прободуван. Сакаа да знаат од што е направена секоја жена во програмата, исто како што им правеа и на мажите.“
Интересно е што повеќето жени имале подобри резултати од Глен и неговите колеги.
Кити О’Брајен ја дефинира модерната аеронаутика
Покрај тоа што е првата жена која завршила инженерство на универзитетот Virginia, Кити стана и првата жена инженер во НАСА, во далечната 1939-та.
За време на нејзината 32-годишна кариера, таа специјализирала за механика на аеротунели и тестирала нови дизајни на летала пред да се пуштат во употреба.
За телескопот Хабл е заслужна жена
Позната како „мајката на Хабл“, Ненси Грејс Роман е една од првите жени кои станале извршни директори на НАСА.
Во период кога многу малку жени работеле за НАСА, Ненси развила неколку програми и помогнала во лансирањето на 3 соларни опсерватории и 3 мали астрономски сателити.
Таа е заслужна и за неколку научни откритија, како фактот дека ѕвездите се направени од водород.
Жената која помогна во лансирањето на Apollo 11
На 16-ти јули 1969-та е направена иконска фотографија од контролниот центар на НАСА, каде што инженерите го гледаат лансирањето на Apollo 11. Навидум, на фотографијата има само мажи, но ако се загледате, во средината ќе забележите и една жена – Џоан Морган.
Џоан не само што била контролор за лансирањето на ракетата, туку може да се пофали и со навистина импресивна кариера во НАСА. Таа била првата жена шеф на оддел на НАСА, но и првата жена извршител на вселенскиот центар Кенеди.
Спирова С. | Црнобело