Во Аја Софија има викиншки „графити“ - Изненадувачки факти за најпознатите знаменитости ширум светот
Властите ги отстраниле електричните светилки од Карловиот мост
Иако електрификацијата на дистриктот каде што се наоѓа Карловиот мост била завршена во 1985-та, мостот повторно е осветлен со гасни ламби.
Според властите, ова е за да му се врати автентичноста на мостот, па сега Карловиот мост е можеби единствениот кој е осветлен на овој начин.
Интересно е што пред Божиќ, ламбите се палат рачно, па навистина ќе се почувствувате како мостот да застанал во времето.
Камењата во Мачу Пикчу не се залепени еден за друг
Иако Мачу Пикчу е изграден пред стотици години, и тоа на место со земјотреси, градот денес е во навистина добра состојба. А, ова е вистинско архитектонско чудо, бидејќи Инките не користеле цемент или малтер.
Всушност, тие ги сечеле камењата на тој начин, што совршено се вклопувале едни со други, како сложувалка. Поради ова, немало потреба да ги лепат со малтер или што било друго.
Минарињата на Таџ Махал се поставени понастрана
Ако го посетите Таџ Махал, ќе забележите дека сите минариња на мавзолејот се поставени понастрана од главната зграда.
Се верува дека причината за ова е ако има земјотрес, или друга катастрофа, да се заштити градбата. На овој начин, минарето ќе падне до зданието, а не врз него.
Статуите на Велигденските Острови имале очи
Камените скулптури на Велигденските Острови, познати како Моаи, имале и очи.
Сите статуи имаат различен лик бидејќи се направени според различни личности. Иако се веруваше дека немаат очи, откриена е статуа на која очите „преживеале“.
Во Аја Софија има викиншки „графити“
Во 1.700-те години постоење, милиони луѓе ја посетиле Аја Софија, а некои го оставиле и својот потпис. Па, на мермерот во Аја Софија има најмалку два натписи со руни.
Скандинавските руни датираат од 9-тиот век пред нашата ера, а постарите се заштитени и со пластична фолија.
38 луѓе се грижат за бојата на мостот Голден Гејт
Голден Гејт во Сан Франциско е изложен на сонце, сол и вода, па корозијата и лупењето на бојата можат да претставуваат проблем.
Целиот мост е фарбан само 2-3 пати, но денес постои цел тим кој редовно го проверува мостот и го фарба на одделни места.
Овој тим го сочинуваат 38 „сликари“, кои понекогаш буквално висат од мостот за да си ја завршат работата.
Спирова С. | Црнобело