Во Аја Софија има викиншки „графити“ - Изненадувачки факти за најпознатите знаменитости ширум светот

Властите ги отстраниле електричните светилки од Карловиот мост

Иако електрификацијата на дистриктот каде што се наоѓа Карловиот мост била завршена во 1985-та, мостот повторно е осветлен со гасни ламби.

Според властите, ова е за да му се врати автентичноста на мостот, па сега Карловиот мост е можеби единствениот кој е осветлен на овој начин.

Интересно е што пред Божиќ, ламбите се палат рачно, па навистина ќе се почувствувате како мостот да застанал во времето.

iznenaduvachki-fakti-za-najpoznatite-znamenitosti-shirum-svetot-08.jpg

Камењата во Мачу Пикчу не се залепени еден за друг

Иако Мачу Пикчу е изграден пред стотици години, и тоа на место со земјотреси, градот денес е во навистина добра состојба. А, ова е вистинско архитектонско чудо, бидејќи Инките не користеле цемент или малтер.

Всушност, тие ги сечеле камењата на тој начин, што совршено се вклопувале едни со други, како сложувалка. Поради ова, немало потреба да ги лепат со малтер или што било друго.

iznenaduvachki-fakti-za-najpoznatite-znamenitosti-shirum-svetot-09.jpg

Минарињата на Таџ Махал се поставени понастрана

Ако го посетите Таџ Махал, ќе забележите дека сите минариња на мавзолејот се поставени понастрана од главната зграда.

Се верува дека причината за ова е ако има земјотрес, или друга катастрофа, да се заштити градбата. На овој начин, минарето ќе падне до зданието, а не врз него.

iznenaduvachki-fakti-za-najpoznatite-znamenitosti-shirum-svetot-10.jpg

Статуите на Велигденските Острови имале очи

Камените скулптури на Велигденските Острови, познати како Моаи, имале и очи.

Сите статуи имаат различен лик бидејќи се направени според различни личности. Иако се веруваше дека немаат очи, откриена е статуа на која очите „преживеале“.

iznenaduvachki-fakti-za-najpoznatite-znamenitosti-shirum-svetot-11.jpg

Во Аја Софија има викиншки „графити“

Во 1.700-те години постоење, милиони луѓе ја посетиле Аја Софија, а некои го оставиле и својот потпис. Па, на мермерот во Аја Софија има најмалку два натписи со руни.

Скандинавските руни датираат од 9-тиот век пред нашата ера, а постарите се заштитени и со пластична фолија.

iznenaduvachki-fakti-za-najpoznatite-znamenitosti-shirum-svetot-12.jpg

38 луѓе се грижат за бојата на мостот Голден Гејт

Голден Гејт во Сан Франциско е изложен на сонце, сол и вода, па корозијата и лупењето на бојата можат да претставуваат проблем.

Целиот мост е фарбан само 2-3 пати, но денес постои цел тим кој редовно го проверува мостот и го фарба на одделни места.

Овој тим го сочинуваат 38 „сликари“, кои понекогаш буквално висат од мостот за да си ја завршат работата.

iznenaduvachki-fakti-za-najpoznatite-znamenitosti-shirum-svetot-13.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Факти за единствениот жив син на Гризелда Бланко: Ја мрази серијата, има бизнис за марихуана Кратко пред премиерата на серијата Griselda, Мајкл Корлеоне Бланко, синот на так...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...
Се родила додека мајка ѝ била во затвор - Факти за Лејтон Мистер Актерката Лејтон Мистер која се прослави со Gossip Girl не открива многу за прив...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg