Се отпишал од средно, крадел храна за да преживее – Факти за животот на The Weeknd
12. Бидејќи немал имиџ, па дури ни име, The Weeknd некој период останал анонимен. Всушност, неговите тогашни колеги му ја слушале музиката, без да знаат дека е негова.
13. Менаџерот на Дрејк, Оливер Ел-Катиб, му помогнал да го привлече вниманието на јавноста. Во 2011-та, пејачот веќе соработуваше со Дрејк на албумот „Take Care“.
14. Пејачот си направил цела стратегија за неговата кариера и одлучил секоја година да открива по малку за себе.
„Контролирав колку популарен станував. Постепено откривав повеќе за мене секоја година. Тоа ми помогна да се справам со славата.“
15. На почетокот, тој избегнувал интервјуа и папараци.
„Не ставав лице на мојата музика, а тоа ја направи музиката уште помистериозна. Сè заврши во моја корист.“
16. Во неговото прво интервју во 2013-та, тој објасни зошто избегнувал интервјуа:
„Сметав дека немам што да кажам. Уште сметам дека нема што да кажам. Јас сум најздодевната личност за разговор.“
17. Пејачот често решавал крстозбори за да си го збогати вокабуларот.
„Поради тоа што не завршив средно, сè уште се чувствувам несигурно кога разговарам со пообразована личност од мене.“
18. Кога првпат ја изгледал снимката од настапот на Coachella во 2012-та, бил ужаснат. Кога ги погледнал сите коментари и критики, му рекол на неговиот менаџер дека мора да настапува повеќе ако сака да изгледа како ѕвезда.
19. Кога работел на дуетот со Аријана Гранде, „Love Me Harder“, пејачот ги променил неговите стихови.
„Беше одлична песна, но не можев да се слушнам себеси. Па, ги променив стиховите и ги направив помрачни.“
20. Првата Греми награда ја доби за „Beauty Behind the Madness“, а набрзо потоа доби и номинација за Оскар за најдобра оригинална песна за „Earned It“.
21. Пејачот долго време ја задржа својата препознатлива фризура и покрај сите проблеми што му ги предизвикувала.
„Ако ја скратам, ќе изгледам како сите други.“
22. Иако отсекогаш сакал да биде славен, никогаш не помислувал дека ќе стигне до овде.
„Никогаш во милиони години не го замислував ова. Мислев дека ќе бидам панк ѕвезда – ќе си ја пораснам косата, акни на лицето, многу слаб. Се огледував на артисти како Иги Поп. Но, еволуирате и го откривате вашиот потенцијал. И тогаш ќе си помислите ’Ајде да почнеме‘.“
Спирова С. | Црнобело