Се отпишал од средно, крадел храна за да преживее – Факти за животот на The Weeknd
Неодамна, пејачот познат како The Weeknd го прослави својот 30-ти роденден.
Кога ја започна кариерата, тој беше вистинска енигма, но полека почнуваме да дознаваме многу работи за него.
Иако неговите интервјуа се реткост, сепак ни даваат барем некаков увид во неговиот приватен живот, но и неговото детство.
Пејачот за себе има изјавено дека кога луѓето првпат го запознавале, секогаш им се чинел како многу поразлична личност од она што го замислувале.
Можеби следниве факти ќе го потврдат тоа:
1. Роден како Ејбел Маконен Тесфаје, пејачот одлучил неговото „уметничко“ име да биде The Weekend. Но, бидејќи во Онтарио веќе имало рок-бенд со истото име, бил присилен да направи мали промени, и така The Weekend станало The Weeknd.
2. Во 1980 тите, неговите родители од Етиопија се преселиле во Торонто. Тие никогаш не биле венчани и се разделиле, а пејачот живеел во мал стан со мајка му и баба му.
3. Пејачот најпрво научил да зборува амхарски јазик, а дури потоа англиски. Амхарскиот го зборува и денес.
4. Пејачот и до денес е голем обожавател на етиописката храна.
„Најдобра е. Но многу дебели. Мислам дека уште се обидувам да ослабам од таа храна. За мајките од Етиопија важи дека ако имаат дебелко дете, значи дека добро се грижат за него“, изјави тој во 2015-та.
5. Бидејќи татко му не пружал никаква помош, мајка му работела 3, па дури и 4 работи истовремено.
6. Кога бил мал, се чувствувал многу осамено и навистина сакал да има брат.
7. Кога го прашаа како започнала романсата со Бела Хадид, пејачот изјави дека само ја побарал за соработка. Но, кога го одбила, сепак ѝ рекол да се сретнат во живо.
8. На 17 години, The Weeknd се отпишал од средно и сѐ уште се сеќава на моментот кога се иселил од дома. Се сеќава како тој и неговиот најдобар пријател застанале покрај неговиот дом, го „украле“ душекот за спиење од неговата соба и го товариле во комбе. Според пејачот, мајка му му го упатила најлошиот поглед што го видел.
9. За да преживеат после бегството од дома, The Weeknd и неговите тогашни цимери краделе храна од локалната продавница. Кирија плаќале со социјална помош, но и со парите заработени од продавање марихуана.
10. Пејачот имал и средба со полицијата, која резултирала со неколку ноќи во затвор.
„На таа возраст, обично добивате втора шанса после искуство што ви ги отвора очите. Следниот чекор после тоа е целиот ваш живот. Станувате личноста која сте поради тој чекор“, изјави пејачот.
11. Пејачот нашол работа, а во слободно време пишувал песни. Иако на почетокот планирал само да ги продава песните на други артисти, во 2010-та неговиот пријател објавил 3 песни на YouTube.