Џон ја трезнел после Греми наградите - Помалку познати факти за бракот на Криси Тајген и Џон Леџенд
На сите ни се чини како Криси и Џон да се отсекогаш заедно. Тие се можеби омилениот познат пар и секојдневно слушаме за нивниот живот.
Сега Криси и Џон имаат и две деца и се можеби совршеното семејство.
Иако парот редовно споделува за нивниот приватен живот, сепак постојат некои факти што ѝ се помалку познати на јавноста.
Во продолжение погледнете ги најинтересните:
Јавно покажување внимание
Според Криси, тајната за среќниот брак е јавното покажување внимание.
Сигурно сте забележале дека Криси и Џон редовно споделуваат бакнежи и се прегрнуваат, без разлика каде се. Всушност, со секое појавување во јавност, тие ни покажуваат колку се вљубени.
Зад затворени врати
Џон и Криси навистина работат на нивната емоционална поврзаност. Според Криси, заедничкото пиење вино и долгите разговори се најубавите нешта што ги прават зад затворени врати.
Проблеми со плодноста
Неверојатно е колку отворена беше Криси за нејзините проблеми со плодноста.
И покрај тоа што е млада и здрава, Криси сепак требаше да се потпре на ин витро оплодување. Ова, пак, резултираше со нејзино здебелување, но и многу променливо расположение.
За среќа, Џон бил покрај неа во најтешките моменти, па на крај ја добија ќерката Луна.
Постпородилна депресија
Криси отворено зборуваше и за нејзината постпородилна депресија.
Во моментите кога не можела да стигне ни до спалната соба, Џон спиел до неа на каучот. Притоа, ја придружувал на сите лекарски прегледи и секогаш бил овде за неа.
Благодарение на Џон, Криси успеала да го надмине можеби најтешкиот период во нејзиниот живот.
Неверојатна поддршка
Џон секогаш се труди Криси да ја почувствува неговата поддршка. Покрај поддршката во тешките моменти, Џон секогаш навива за Криси и кога станува збор за нејзината кариера.
Бегство во Париз
На 14-ти септември 2019-та, Џон и Криси ја прославија нивната шеста годишнина, и тоа во еден од најромантичните градови во светот.
Парот го истражуваше Париз, а за време на патувањето објавуваа и емотивни пораки кои само ја потврдија нивната љубов.
Трезнење
После доделувањето на Греми наградите, Криси испила некоја чашка повеќе, а кога си отишле дома, Џон се грижел за неа.
Наводно, Криси легнала на подот, сè уште облечена, а Џон ѝ помогнал да го извади накитот.
Тогаш Криси го прашала дали ѝ се лути, на што Џон одговорил:
„Зошто да ти се лутам? Ти си совршена.“
Горд татко
За првата бременост на Криси, Џон веднаш се пофали на Instagram. Кога ќе ги земете предвид сите тешкотии што ги надминале дотогаш, очигледно Џон бил многу возбуден.
Заемно почитување
Криси има изјавено дека не треба да бидете изненадени ако партнерот ви пружи љубов, сочувство и поддршка. Според неа, секоја личност го заслужува ова и тоа е најважното нешто во секоја врска.