Локалните жители одат боси насекаде - Интересни факти за Нов Зеланд
12. Нов Зеланд има потврдено дека сите животни се свесни и имаат чувства исто како и луѓето. Поради ова, суровоста кон животните е криминал во државата. Ловењето диви животни е забрането, а објавена е и листа со основните потреби на животните, кои луѓето мораат да им ги овозможат.
13. Вработените во Националниот аквариум на Нов Зеланд го одбираат најдобриот и најлошиот пингвин на месецот и поставуваат нивна фотографија. На оваа фотографија, пингвинот Мартин е најлош бидејќи се обидувал да краде туѓи девојки. Дора, пак, е најдобриот пингвин бидејќи сама одела до нејзината чинија со храна.
14. Маскотата која наликува на „ангелот на смртта“ и е позната како Swim Reaper не е шега, туку владин проект. Целта е маскотата да ги потсети луѓето на опасноста од давење, а притоа стана вистинска Instagram сензација.
15. Кога влегувате автобус, добро би било да се поздравите со сите и да кажете „благодарам“ на излегување. Автобусите се движат побавно кога на нив има стари луѓе и не тргнуваат сè додека сите не си го најдат местото.
Интересно е што ако сакате да се качите во автобус, треба да го застанете како такси. Во спротивно, автобусот само ќе ја одмине постојката.
16. Многу автобуси имаат и посебно место за пренесување велосипеди.
17. Многу често, луѓето ги оставаат непотребните предмети на улица, со знак на кој пишува „бесплатно“. Интересно е што неретко, ова се корисни предмети во добра состојба, па навистина им се наоѓаат на сите.
18. Според многумина, најголемиот проблем во државата е тоа што имињата на улиците не се поставени на зградите и куќите, туку на раскрсниците. Па, лесно можете да се изгубите.
19. Изгледа дека водата во Нов Зеланд нема воопшто бигор. На фотографијата се гледа бокал за топлење вода што е користен цела година, а не е исчистен ниту еднаш.
20. За да се заштити агрикултурата, во Нов Зеланд не смеете да имате градина без претходна дозвола од владата.
21. Нов Зеланд важи за втората најмирна држава во светот. Првото место му припаѓа на Исланд.
22. Домородното население во Нов Зеланд, Маори, зафаќаат околу 15% од вкупното население. Многу од нив сè уште ги носат традиционалните тетоважи, познати како Tā moko.
23. Маори луѓето имаат традиционален поздрав познат како hongi. За овој поздрав, треба да си ги допрете носевите со другата личност.
Спирова С. | Црнобело