Првиот дечко ѝ бил на 12 години и биле заедно цела деценија – Факти за Бијонсе пред да го запознае Џеј Зи
Името на бендот Destiny’s Child потекнува од Книгата на Исаија
Girl’s Tyme се претворила во групата што сигурно ја знаете – Destiny’s Child.
Поради нејзините христијански корени, Бијонсе одбрала име од Книгата на Исаија од Стариот Завет.
Девојките се двоумеле за неколку имиња, вклучувајќи ги Dolls и Cliché, но на крај се одлучиле за Destiny’s Child.
Првата љубовна врска ја започнала на 12 години
Без разлика што со Џеј Зи се најмоќниот пар, првата љубов на Бијонсе засекогаш ќе биде Линдал Лок.
Парот се запознал во црква во 1993-та, кога Бијонсе имала 12 години, и биле заедно речиси цела деценија.
Мајка ѝ се грижела за нејзината облека
Кога групата на Бијонсе го достигаше својот врв во 90-тите, мајка ѝ Тина решила да им ги дизајнира костимите за сите настапи.
Девојките беа познати по тоа што носат различна облека, направена од ист материјал.
Destiny’s Child беа придружни вокали на Соланж Ноулс
Знаевте ли дека на почетокот од кариерата, девојките од Destiny’s Child беа придружни вокали на Соланж?
Соланж беше главниот вокал за песна од The Proud Family, анимирана серија на Дизни, а Бијонсе и останатите девојки од групата беа само придружни вокали.
Нејзините родители останале без скршен денар заради нејзината кариера
Можеби денес Бијонсе има милиони, но нејзините родители едвај сврзувале крај со крај за да ја направат ќерка им суперѕвезда.
Во 1995-та татко ѝ на Бијонсе дал отказ и целосно се посветил на Destiny’s Child. Оваа одлука драстично ги намалила приходите на семејството, па еден период нејзините родители биле присилени да живеат во одвоени станови.
Алергична е на парфем
Знаевте ли дека Бијонсе, и покрај тоа што има цела линија парфеми, е алергична на нив?
Нејзините и парфемите што ги користи се модифицирани, па не ѝ создаваат алергиска реакција.
„Say My Name“ е инспирирана од момче што ја изневерило
Наводно, синглот од 1999 „Say My Name“ бил инспириран од неверството на Линдал Лок.
Можеби Бијонсе била повредена, но песната дефинитивно ѝ донесе огромен успех.
Спирова С. | Црнобело