Првиот дечко ѝ бил на 12 години и биле заедно цела деценија – Факти за Бијонсе пред да го запознае Џеј Зи

Уште од 90-тите, јавноста ја следи кариерата на Бијонсе. Денес таа е во брак со Шон Картер, попознат како Џеј Зи, и моментално важат за најмоќниот и највлијателниот пар во изминативе две децении.

prvata-vrska-i-traela-rechisi-cela-decenija-interesni-fakti-za-biojnse-pred-da-go-zapoznae-j-zi-01.jpg

И покрај многуте гласини, шпекулации и озборувања за неверство, разделба и слично, Бијонсе и Џеј Зи изгледаат посреќно од кога било.

Бијонсе го запознала Џеј Зи уште кога имала 18 години, а врската ја започнале дури откако наполнила 19.

Според пејачката, година и пол биле само пријатели и тој период не биле на ниту еден состанок.

Сепак, Бијонсе имала и свој живот пред да го запознае нејзиниот сопруг, а во продолжение погледнете неколку интересни факти за неа од тој период:

Името го добила од мајка ѝ

Бијонсе го добила името од мајка ѝ Селестин Ан Бијонсе. Откако мајка ѝ се венчала со бизнисменот Метју Ноулс, си го променила името во Тина Ноулс.

Мајка ѝ е најмногу позната како менаџер на Бијонсе и сестра ѝ Соланж.

Била многу срамежлива

Можеби денес е тешко да замислиме, но Бијонсе била многу срамежливо девојче. Таа пеела во хорот во Хјустон, Тексас, но речиси секогаш ѝ било страв да настапува на сцена.

Кога наполнила 7 години, нејзините родители ја запишале на часови по танцување, најмногу за да запознае нови пријатели и да го победи срамот.

prvata-vrska-i-traela-rechisi-cela-decenija-interesni-fakti-za-biojnse-pred-da-go-zapoznae-j-zi-02.jpg

Талентот за пеење го открила нејзината инструкторка по танц

Талентот на Бијонсе го открила Дарлет Џонсон-Бејли.

„Бијонсе беше тивка и прибрана и не зборуваше многу. Но на подиумот беше вистинска ѕвезда“, изјави Дарлет во една прилика.

Мајкл Џексон имал најголемо музичко влијание врз неа

Бијонсе првпат го слушала Мајкл Џексон во живо на 5-годишна возраст и уште тогаш го почувствувала неговото влијание.

Таа црпела инспирација од многу музичари од сите жанрови, но пејачката тврди дека на тој концерт сфатила што навистина сака да прави.

prvata-vrska-i-traela-rechisi-cela-decenija-interesni-fakti-za-biojnse-pred-da-go-zapoznae-j-zi-03.jpg

Првпат победила на шоу за таленти на 7 години

На 7-годишна возраст Бијонсе се пријавила на првиот натпревар за таленти и ја отпеала „Imagine“ на Џон Ленон. Од целата публика добила стоечка овација и победила натпреварувачи кои имале 15-16 години.

Како дете победила на над 30 натпревари за танцување и пеење

Бијонсе научила да се справува со срамежливоста, а по пат го открила нејзиниот вистински талент.

Таа започнала да се пријавува на натпревари во Хјустон и победувала на повеќето. Па, уште во детството можела да се пофали со над 30 победи.

prvata-vrska-i-traela-rechisi-cela-decenija-interesni-fakti-za-biojnse-pred-da-go-zapoznae-j-zi-04.jpg

Нејзиниот бенд од детството се викал Girl’s Tyme

На само 8-годишна возраст, Бијонсе го основала женскиот бенд Girl’s Tyme. Групата ја сочинувале 4 девојчиња - Бијонсе, Кели Роланд, ЛеТоја Лакет и ЛаТавија Роберсон.

prvata-vrska-i-traela-rechisi-cela-decenija-interesni-fakti-za-biojnse-pred-da-go-zapoznae-j-zi-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg