Првиот дечко ѝ бил на 12 години и биле заедно цела деценија – Факти за Бијонсе пред да го запознае Џеј Зи
Уште од 90-тите, јавноста ја следи кариерата на Бијонсе. Денес таа е во брак со Шон Картер, попознат како Џеј Зи, и моментално важат за најмоќниот и највлијателниот пар во изминативе две децении.
И покрај многуте гласини, шпекулации и озборувања за неверство, разделба и слично, Бијонсе и Џеј Зи изгледаат посреќно од кога било.
Бијонсе го запознала Џеј Зи уште кога имала 18 години, а врската ја започнале дури откако наполнила 19.
Според пејачката, година и пол биле само пријатели и тој период не биле на ниту еден состанок.
Сепак, Бијонсе имала и свој живот пред да го запознае нејзиниот сопруг, а во продолжение погледнете неколку интересни факти за неа од тој период:
Името го добила од мајка ѝ
Бијонсе го добила името од мајка ѝ Селестин Ан Бијонсе. Откако мајка ѝ се венчала со бизнисменот Метју Ноулс, си го променила името во Тина Ноулс.
Мајка ѝ е најмногу позната како менаџер на Бијонсе и сестра ѝ Соланж.
Била многу срамежлива
Можеби денес е тешко да замислиме, но Бијонсе била многу срамежливо девојче. Таа пеела во хорот во Хјустон, Тексас, но речиси секогаш ѝ било страв да настапува на сцена.
Кога наполнила 7 години, нејзините родители ја запишале на часови по танцување, најмногу за да запознае нови пријатели и да го победи срамот.
Талентот за пеење го открила нејзината инструкторка по танц
Талентот на Бијонсе го открила Дарлет Џонсон-Бејли.
„Бијонсе беше тивка и прибрана и не зборуваше многу. Но на подиумот беше вистинска ѕвезда“, изјави Дарлет во една прилика.
Мајкл Џексон имал најголемо музичко влијание врз неа
Бијонсе првпат го слушала Мајкл Џексон во живо на 5-годишна возраст и уште тогаш го почувствувала неговото влијание.
Таа црпела инспирација од многу музичари од сите жанрови, но пејачката тврди дека на тој концерт сфатила што навистина сака да прави.
Првпат победила на шоу за таленти на 7 години
На 7-годишна возраст Бијонсе се пријавила на првиот натпревар за таленти и ја отпеала „Imagine“ на Џон Ленон. Од целата публика добила стоечка овација и победила натпреварувачи кои имале 15-16 години.
Како дете победила на над 30 натпревари за танцување и пеење
Бијонсе научила да се справува со срамежливоста, а по пат го открила нејзиниот вистински талент.
Таа започнала да се пријавува на натпревари во Хјустон и победувала на повеќето. Па, уште во детството можела да се пофали со над 30 победи.
Нејзиниот бенд од детството се викал Girl’s Tyme
На само 8-годишна возраст, Бијонсе го основала женскиот бенд Girl’s Tyme. Групата ја сочинувале 4 девојчиња - Бијонсе, Кели Роланд, ЛеТоја Лакет и ЛаТавија Роберсон.