20 цитати кои ќе ве поттикнат никогаш да не се откажете од вашата цел

Животот е најдрагоцениот подарок кој можеме да го добиеме.

20-citati-koi-kje-ve-pottiknat-nikogash-da-ne-se-otkazhete-od-vashata-cel 01 630x340.jpg

Наше е да го извлечеме најдоброто од него, да се осмелиме и да веруваме дека можеме.

Постојат подеми и падови и секој од нив е обликуван во лекција низ која учиме како се станува подобра личност.

Секое искуство, добро и лошо, нѐ тера да растеме. Живејте денес и уживајте во секој момент. Зграпчете го најдоброто што животот ви го нуди.

И никогаш не се откажувајте, без разлика на околностите. Среќата секогаш се крие зад аголот.

Во продолжение ви издвојуваме 20 мотивирачки цитати кои ќе ве инспирираат цврсто да „газите“ кон вашата цел:

1. „Единствената попреченост во животот е лошиот став“. - Скот Хамилтон

2. „Никогаш не губам. Јас или победувам или учам“. - Нелсон Мандела

3. „Не дозволувајте вашиот ум да му заповеда на вашето срце. Умот лесно се откажува“. - Пауло Коелјо

4. „Ја мразев секоја минута од тренингот, но реков: Не престанувај. Страдај сега и живеј го остатокот од животот како шампион“. - Мухамед Али

5. „Животот е како возење велосипед. За да ја одржите вашата рамнотежа, мора да продолжите понатаму“. - Алберт Ајнштајн

6. „Никогаш не се откажувајте од она што навистина сакате да го направите. Човекот со големи соништа е помоќен од оној со сите факти“. - Алберт Ајнштајн

7. „Тајната на успехот е да научите како да ги користите болката и задоволството, наместо да дозволите тие да ве искористат вас.  Ако го сторите тоа, вие сте во контрола на вашиот живот. Ако не, животот ве контролира“. - Тони Робинс

8. „Промената е закон на животот. Оние кои гледаат само на минатото или на сегашноста, сигурно ќе ја пропуштат иднината“.  - Џон Ф. Кенеди

9. „Не посакувај да биде полесно. Посакувај да бидеш подобар“. - Џим Рон

10. „Песимистот гледа тешкотија во секоја можност. Оптимистот гледа можност во секоја тешкотија“. - Винстон Черчил

Продолжува на следната страна... 



Би можело да ве интересира:

17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...
„Немам дечко, немам проблеми“: Забавни цитати за оние кои сами ќе го прослават Валентајн „Оваа година за Денот на вљубените ќе уживам во долга и романтична прошетка… до ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg