Тајна венчавка со Скарлет Јохансон, лош почеток во Холивуд - Помалку познати факти за Рајан Рејнолдс
Канада му има подарено на светот многу работи, но меѓу најомилените дефинитивно се јаворовиот сируп и Рајан Рејнолдс.
Рејнолдс е еден од најпопуларните холивудски актери, а моментално најмногу внимание привлекува со улогата на Дедпул.
Рејнолдс е во брак со актерката Блејк Лајвли, и важат за еден од најзабавните холивудски парови.
Актерот редовно го привлекува вниманието на јавноста, а неговиот живот е интересен колку и неговите филмови.
Во продолжение погледнете неколку факти за животот и врските на Рајан Рејнолдс:
Аланис Морисет има напишано песна за него
Рајан бил во врска со многу девојки, а со некои речиси ќе се венчал.
Во 2002-ра, Рејнолдс започна врска со пејачката Аланис Мoрисет. До 2004-та беа верени, но ѝ ставија крај на врската во 2007-ма.
Подоцна пејачката призна дека нејзиниот албум од 2008-ма, „Flavors of Entanglement“, бил за нејзината болка после раскинувањето. Песната „Torch“, пак, била напишана за Рајан.
Прогласен е за најубавиот маж на планетата
Рајан и Блејк се еден од најубавите парови во Холивуд. Всушност, и двајцата ја имаат добиено титулата најубав/најубава.
Рајан е прогласен за најубав маж во неколку прилики.
Беше во брак со Скарлет Јохансон
Кратко по разделбата со Аланис, Рајан почна да се гледа со Скарлет Јохансон.
Парот избрза да се венча во 2008-ма на приватна церемонија. Нивната врска беше луда, а крајот ѝ дојде во 2010-та.
Со Блејк прво биле пријатели
Рајан и Блејк се запознаа на снимањето на „The Green Lantern“. За филмот имаше високи очекувања, а се покажа како вистинска катастрофа, но барем ги зближи Рајан и Блејк.
Интересно е што не почнале веднаш да се гледаат. Најпрво биле пријатели, па дури си давале и љубовни совети еден на друг.
Беше во врска со Сандра Булок
Пред да ја започне врската со Блејк во 2012-та, Рајан се гледаше со некои од најпознатите актерки во светот. Според гласините, една од нив е и Сандра Булок.
Актерите се појавија заедно во комедијата „The Proposal“. Хемијата помеѓу нив беше толку силна, што многумина се убедени дека биле повеќе од пријатели.
Тврдеше дека никогаш повеќе нема да се венча
Рајан и Скарлет изгледаа како совршен пар, но и на тоа му дојде крајот. Наводно, на Рајан не му се допаднал брачниот живот, па тврдеше дека никогаш повеќе нема да се венча.
Тој е „Кралот на Твитер“
Ниту една позната личност не го совладала Твитер како Рајан. Всушност, актерот многупати е нарекуван и „Кралот на Твитер“. Неговите објави се смешни, бизарни и поразлични од сè што објавуваат другите познати.
Беше во врска со Шарлиз Терон
Една од бившите на Рајан е и прекрасната Шарлиз.
Според гласините, кратката романса со Шарлиз започнала веднаш после разводот со Скарлет.
Ѕвезда во тинејџерска канадска сапуница
Рајан ја започнал неговата кариера во 1991-ва во Канада. Првата улога му била во тинејџерската сапуница „Hillside“.
Ова му помогна да добие неколку позначајни улоги, во серии како „Sabrina the Teenage Witch“, „Outer Limits“ и „The X-Files“.