Пешачкиот се игнорира, нема сообраќајни знаци - Необични факти за возењето и сообраќајот во Русија
Многу возачи и пешаци го игнорираат пешачкиот премин
Пешачките премини се ретка појава во Русија, дури и во градовите. Па, веројатно ова е причината што речиси сите ги игнорираат.
Сепак, за пешаците ова може да биде навистина опасно.
Руските патишта се помеѓу најопасните во светот
Русија ги има најопасните патишта, со над 20.000 смртни случаи во 2016-та. Дури четвртина од фаталните сообраќајќи биле поради алкохол.
Нелегално е да возите валкан автомобил
Можеби најчудното сообраќајно правило е забраната за возење валкан автомобил.
Веројатно ова се однесува на валканите прозорци што ја намалуваат видливоста, или валканите регистарски таблички кои се тешки за читање.
Во Москва е забрането свртувањето кон лево
Уште почудно е што возачите во Москва никако не смеат да свртат лево, освен ако има семафори.
Ова дефинитивно го прави возењето многу подолго.
Нема доволно сообраќајни знаци
Надвор од големите градови, можете да се возите со часови пред да налетате на сообраќаен знак. И самите патишта се лошо обележани, па можете да се изгубите многу лесно.
Истовремено, знаците што се поставени се само со кирилично писмо, а ова може да биде проблем за странците.
Речиси и да нема одморалишта и бензински по пат
Во руралните делови од Русија нема каде да одморите од патот. Русите се свесни дека покрај автопатиштата нема бензински, па го полнат резервоарот секогаш кога имаат прилика.
Данокот за автомобил се пресметува според коњските сили
За да одредат колку данок треба да платите за автомобилот, Русите ги земаат предвид неговите коњски сили.
Цената е од 2 до 50 рубљи за една коњска сила, во зависност од видот на автомобилот.
Светлата од автомобилот мора постојано да бидат вклучени
Овој закон постои и кај нас, но и во неколку други европски држави.
Според законот, светлата од автомобилот мораат да бидат вклучени, без разлика дали е ден или ноќ.
Спирова С. | Црнобело