Пешачкиот се игнорира, нема сообраќајни знаци - Необични факти за возењето и сообраќајот во Русија
Секоја држава си има недостатоци во сообраќајот, а истото се случува и кај нас. Но сепак, Русија дефинитивно го заслужува тронот.
Според многумина, вклучувајќи ги и Русите, оваа држава е најчудното место за возење, а фактите во продолжение ќе ви покажат зошто:
Руските возачи имаат нивен „код“
Русите сакаат да си помагаат едни со други во сообраќајот, а за тоа имаат цел код.
Некои од овие „правила“ се користат и кај нас. На пример, руските возачи секогаш аблендираат кога сакаат пропуштат некој во сообраќајот. Истовремено, ова е сигнал со кој си кажуваат дека на патот има полиција.
Забрането е качување автостопери
Денес ретко кој ќе качи автостопер во автомобил, но во Русија ова е дури и забрането.
Возачите се обврзани да носат безбедносна опрема
Исто како и на многу други места, и во Русија многу патишта се во очајна состојба. А, бидејќи станува збор за огромна држава, Русите се обврзани во автомобилите да имаат безбедносната опрема, која вклучува противпожарен апарат, куферче за прва помош и слично, а истото важи и за кај нас.
Во градовите е забранета употребата на сирена
Сообраќајните метежи се честа појава во Русија, па веројатно би очекувале и многу свирење од автомобилите.
Сепак, возачите не смеат да ја користат автомобилската сирена, освен ако не се во опасност.
Сообраќајните казни се плаќаат преку банка
Ако заработите сообраќајна казна во Русија, ќе треба да ја платите во една од поголемите банки во државата.
Сообраќајните полицајци неретко се корумпирани
Една од причините зошто казните се плаќаат во банка е корумпираноста на полицајците.
Посетителите често не ги знаат правилата, па се случува да бидат излажани и да му платат на полицаецот.
Можете да платите паркинг со СМС порака
Ова е систем што постои и кај нас, а неодамна беше воведен и во Москва. Сепак, туристите ја немаат оваа опција бидејќи плаќањето може да се направи само со руски бој.
Странските возачки дозволи мораат да бидат преведени на руски
Секој што ја посетува Русија на краток период може да ја користи својата меѓународна возачка дозвола. Сепак, мора со себе да има и превод на руски.