Тешко е да се пронајдеш себеси, но вреди - Најубавите тибетски мудрости
Тибетските мудрости се фокусирани на тоа среќата да ја бараме во себе, како би можеле да ја споделиме со другите.
Пренесуваме дел од нив:
1. Зборувај полека, размислувај брзо.
2. Не го суди човекот по неговото семејство и потекло.
3. Кога велиш „те сакам,“ зборовите треба да доаѓаат од срце, а не од навика.
4. Кога велиш „жал ми е,“ гледај ја личноста во очи.
5. Никогаш не се исмевај на туѓите соништа.
6. Дајте им на луѓето повеќе отколку што очекуваат од вас и тоа правете го со радост.
7. Не верувајте во сè што ќе чуете, не расипувајте сè што имате – и спијте како утре да не постои.
8. Најголемата љубов и најголемите достигнувања вклучуваат најголем ризик.
9. Кога ќе изгубите нешто, пробајте да добиете лекција.
10. Не дозволувај малите кавги да уништат големо пријателство.
11. Поминете барем неколку минути дневно сами со себе како би го анализирале она што е веќе направено.
12. Мора да бидете отворени за промени, но не и по цена да се откажете од своите вредности.
13. Верувајте им на луѓето, но влезната врата секогаш држете ја заклучена.
14. Читајте ги луѓето помеѓу редови.
15. Споделете сè со децата, посебно знаењето. Тоа е единствениот начин да достигнете бесмртност.
16. Никогаш не ги прекинувајте другите луѓе кога ве фалат.
17. Не им верувајте на луѓето кои се бакнуваат со отворени очи.
18. Проценете го својот успех по тоа што моравте да жртвувате како би успеале.
19. Вашето „јас“ е целта кон која мора да тежнеете.
20. Тешко е да се пронајдеш себеси во себе, но вреди!
М. Д. | Црнобело