12 најубави мисли кажани во анимираниот филм на Disney - „Кралот лав“
Иако Дизни цртаните и анимираните филмови се посветени на децата, во нив има многу мудри мисли по кои секој еден возрасен човек треба да се води во животот.
Една од многуте работи на кои Disney цртаните нè учат е тоа дека животот е полн со предизвици, проблеми и промени, но не треба да им дозволиме да нè надвладеат.
За вас издвоивме неколку мудри и инспиративни мисли од „Кралот лав“, кои доколку размислиме имаат многу поголемо и подлабоко значење и носат скриена порака во нив.
Прочитајте кои се најубавите мисли кажани во анимираниот филм „Крајот лав“:
„Хакуна Матата!“ – во превод оваа фраза значи „Без грижи“ или „Без проблеми“
„Верувај во себе и ќе дојде ден кога другите ќе немаат друг избор освен и тие да веруваат во тебе.“ – Муфаса
„О да, минатото може да биде болно. Но по начинот на кој јас го гледам тоа, ти можеш или да бегаш од него или пак, да учиш од него.“ – Рафики
„Запомни кој си.“ – Муфаса
„Тие може да го имаат цел свет. Ние ќе си направиме наш.“ – Киара
„Ти мораш да го ставиш твоето минато зад тебе. Види дете, лоши работи се случуваат, и ти не можеш да направиш ништо во врска со тоа, зарем не?“ – Тимон
„Од пепелта на оваа трагедија, ние треба да издигнеме за да ја поздравиме зората на новата ера.“ – Скар
„Љубовта ќе најде начин, каде и да одиме. Ние сме дома ако сме заедно.“ – Симба
„Промената е добра.“ – Рафики
„Прашањето е, кој си ти?“ – Рафики
„Вистинската моќ на еден крал е неговото сочувство.“ – Сараби
„Како што одиш низ животот, ќе видиш дека има многу работи што не ги разбираме. И единствената работа што ја знаеме е тоа дека работите не одат секогаш како што ние ги планираме.“ – Симба
Т. Ѓ. | Црнобело