Големите мудрости на Дон Хуан кои го менуваат светот

Сигурно барем сте слушнале за книгата „Учењето на Дон Хуан,“ па дури и да не сте стигнале да ја прочитате, одвојуваме дел од најголемите мудрости во неа.

golemite-mudrosti-na-don-huan-koi-go-menuvaat-svetot-001.jpg

Ова се мисли и цитати кои имаат моќ да го променат светот:

Постапувај така, како да живееш во сон. Делувај храбро и не барај изговори.

Не објаснувај премногу. Кога објаснуваш зошто не можеш да го направиш ова или ова, ти во суштина се извинуваш за своите недостатоци, надевајќи се дека оние кои те слушаат ќе бидат добри и ќе ти простат.

За да го извлече максимумот од животот, човекот мора да знае да се менува. Најтешко е да се одлучиш на менување.

Секогаш треба да знаеш дека патот – е само пат. Ако чувствуваш дека не треба да одиш по него – напушти го.

Ако не ти се допаѓа она што го добиваш, промени го тоа што го даваш.

Луѓето обично не сфаќаат дека во секој момент може било што да отстранат од својот живот. Во било кое време. Моментално.

Секој оди по свој пат. Ако одиш со задоволство, значи дека тоа е твојот пат. Ако се чувствуваш лошо – во секој момент можеш да се тргнеш од него, без оглед на тоа колку далеку си стигнал. И тоа ќе биде правилно.

Потребно ни е само целото време и целата наша енергија, за да го победиме идиотизмот во себе.

Тоа што го правиш во овој момент е сосема возможно да се испостави како твојата последна работа на оваа земја. Во светот не постои ниту една сила која може да ти гарантира дека ќе проживееш уште барем една минута.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
2 пати ќе загинел со неговиот авион, почина од рак на панкреасот – Факти за Патрик Свејзи 10 години се борел со алкохолизмот, пушел по 60 цигари дневно и двапати за малку...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Факти за Лена од дуото „Тату“: Виновна е за распадот на групата, во брак е со руски бизнисмен Се претпоставува дека Лена Катина е одговорна за распадот на руското дуо „Тату“ ...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg