15 инспиративни мисли од Маја Анџелоу за убав почеток на новата година
Маја Анџелоу засекогаш ќе биде запаметена како една од најголемите американски автори.
За убав почеток на новата 2020-та година и за добра мотивација, издвоивме неколку мисли и цитати од засекогаш најдобрата Маја Анџелоу.
Се надеваме дека оваа година ќе ви биде исполнета со радост, среќа, здравје, насмевка и многу успеси.
Во продолжение прочитајте неколку од многуте инспиративни цитати кои Маја Анџелоу ги има кажано во нејзиниот живот:
„Научив дека луѓето ќе заборават што си рекол и што си направил, но никогаш нема да заборават како си направил да се чувствуваат.“
„Ѝ се воодушевуваме на убавината на пеперутката, но ретко ги признаваме промените што таа ги поминала за да стигне до таа убавина.“
„Научив дека кога ќе одлучам нешто со отворено срце, обично ја донесувам вистинската одлука.“
„Ако не ви се допаѓа нешто, променете го. Ако не можете да го промените, променете го вашиот став.“
„Ако јас самата не сум добра кон себе, како да очекувам другите да бидат добри кон мене?“
„Имај доволно храброст да веруваш во љубов уште еднаш и секогаш уште еднаш.“
„Доколку секогаш се обидувате да бидете нормални никогаш нема да знаете колку можете да бидете неверојатни.“
„Никогаш не го правете некого приоритет, доколку вие за него сте само опција.“
„Не можете да ја искористите целата креативност. Колку повеќе ја користите, толку повеќе ја имате.“
„Животот не се мери според бројот на вдишувања, туку според моментите кои ви го одземаат здивот.“
„Сама си го чувам сопствениот грб.“
„Ние сме онолку слепи колку што сакаме да бидеме.“
„Одберете да живеете живот со талент и смеа.“
„Што и да сакате да правите, ако сакате да бидете одлични во тоа, мора да го сакате и да правите жртви за истото.“
„Омразата има создадено многу проблеми во светот, а сè уште нема решено ниту еден.“
Т. Ѓ. | Црнобело