Факти за Французите за кои нема да ви се верува дека се вистинити
Постојат безброј стереотипи за секоја држава и секоја нација. Некои од нив се вистинити, а некои, пак, се само бизарни.
Според стереотипите, Французите се елегантни, имаат добар вкус за мода и се навистина страсни.
Покрај овие, постојат уште неколку карактеристики и фатки за Французите за кои нема да ви се верува дека се вистинити:
Французите се бакнуваат кога се поздравуваат
Овој начин на поздравување можете да го забележите и кај нас, но за другите туристи во Франција е навистина необичен.
Интересно е што во појужниот дел од државата, луѓето се бакнуваат повеќе пати. Покрај тоа, постои и веб-сајт кој покажува по колку пати треба да се бакнете во зависност од регионот.
Повеќето Французи имаат по 3 имиња на нивниот пасош
Ако погледнете француски пасош, голема е веројатноста личноста да има три имиња. Покрај името и презимето, Французите имаат уште едно име, кое најчесто е од нивните кумови.
Истовремено, во француските пасоши стојат податоци за висината и бојата на очите на личноста.
Французинките се навистина независни
Французите не сакаат никаква форма на сексизам, па во Франција нема поделба на улогите. Односно, речиси сите мажи знаат да готват и помагаат во домашните обврски.
Истовремено, во Франција не е вообичаено да му кажувате на партнерот што да прави. Секој си одлучува сам.
Французите велат „Не“ на секое прашање или барање
Во Франција, најважен е контекст. Па, значењето на зборовите зависи од тоа во кој контекст се кажани.
Токму поради тоа, кога Французите одбиваат некое барање, тоа е еден вид покана за преговарање. Односно, „Не“ не е конечен одговор, туку остава простор за дискусија.
Времето за ручек трае 2 часа
Во оваа држава ручекот е најважниот оброк, па сите имаат пауза од 2 часа.
Мажите имаат одличен стил
Не е тајна дека Французите имаат одличен вкус за облека. Мажите најчесто не носат тренди облека, но знаат како добро да ги комбинираат парчињата.
Французинките сакаат темни бои и ја преферираат удобноста
Можеби кога си замислувате Французинка, пред вас се појавува елегантна жена со фустан, високи потпетици, кармин… Но, во реалноста, на Французинките им е многу поважна удобноста.
Тие изгледаат одлично, но предност ѝ даваат на удобната облека и природниот изглед.
Французите сакаат леб
Францускиот багет е нешто што Французите го јадат секој ден.
Најпопуларниот оброк, пак, е пржен леб со пржено јајце, а верувањето дека Французите јадат жаби е само мит. Всушност, повеќето немаат ни пробано жаби.
Повеќето Французи ги мијат забите после појадок
Французите го прават ова најмногу поради вкусот на храната.
Веројатно сте забележале дека пастата за заби го менува вкусот на храната, па ако ги измиете забите после појадок, ќе го решите овој „проблем“.
До неодамна на Французинките им беше забрането да носат панталони
Во 1800-тите, Французите усвоиле закон според кој жените треба да побараат дозвола од полицијата за да носат „машка“ облека, како панталони.
Интересно е што законот важеше до 2012-та. Се разбира, не го почитувал никој, но сепак постоел.
Спирова С. | Црнобело