Кратки инспиративни совети што ќе ви помогнат да ги остварите вашите цели
Дали знаете кои се вашите цели и знаете што треба да направите во врска со нив? Или, пак, целосно сте изгубени и не знаете ни од каде да почнете?
И двете ситуации се сосема нормални, а без разлика во која се наоѓате вие, сигурно ќе ви користи некој инспиративен совет.
Најдобрите совети доаѓаат од искусните луѓе, од оние кои веќе биле во истата положба како и вае.
Во продолжение прочитајте неколку совети од вакви луѓе што сигурно ќе ви ја дадат потребната мотивација:
„Вашиот живот може целосно да се промени за само една година. Само морате да се сакате доволно за да сфатите дека заслужувате повеќе. Морате да бидете доволно храбри за да барате повеќе и морате да бидете доволно дисциплинирани за да постигнете повеќе.“
„Вие се познавате најдобро. Зошто тогаш им дозволувате на туѓите зборови да влијаат врз вас?“
„Ако имате сила да паднете, имате сила и да станете.“ – Рупи Каур
„За да сфатите што сакате од вашиот живот, потребна ви е брутална искреност. Бидејќи не е лесно да сфатите дека единствената личност која ве спречувала во вашите цели сте вие самите.“
„Бидете личноста којашто сте и кажете што мислите, бидејќи оние на кои им пречи тоа не се важни, а на оние кои се важни нема да им пречи тоа.“ – Бернард М. Браух
„Самите туркајте се кон напред. Никој друг нема да го направи тоа за вас.“
„Во животот ќе го добиете само она што ќе имате храброст да го побарате.“ – Опра Винфри
„Ако никогаш не велите ’Не‘, ќе останете личноста која секогаш работи сè.“
„Замислете си дека сте директор на вашиот живот. Кого би вработиле, кого би отпуштиле, a кого би унапредиле?“
„Како да успеете во работата? Работете и тогаш кога никој не гледа.“
„Се сомневате дека можете да направите нешто? Па како тогаш сте стигнале дотука?“
„Прифатете се такви какви што сте. Животот е прекраток за грижи.“
„Грешката е само еден чекор од патот, а не крајот од патот.“
„Да, тешко е да вложите во себе. Но, исто тешко е секој ден да седите и да правите нешто што не сакате, само поради страв.“
„Присетете се на моментите кога сте сонувале за она што го имате сега.“
„Ништо не е подобро од чувството откако добро ќе се наспиете, ќе си направите одлично кафе и ќе ја организирате листата со обврски.“
„Никогаш не заборавајте колку потенцијал се крие во вас.“
„Ги знаете оние луѓе кои успеале и сфатиле што сакаат? Сега одлучете и вие да бидете таква личност.“
„Немојте да излегувате од просторијата во која заслужувате да бидете.“
„Понекогаш, сè што ви е потребно е само една кратка пауза.“
„Престанете да им обрнувате внимание на работите кои не се дел од вашите цели.“
„Ако не се одлучите, некој друг ќе го направи тоа за вас.“
Спирова С. | Црнобело