„Бисексуалноста е двојна шанса за да излезете во сабота вечер“ - забавни факти за сексот

Сексот можеби некогаш бил табу тема, но денес, не може да се каже дека е се уште така.

 biseksualnosta-e-dvojna-sansa-za-da-izlezete-vo-sabota-vecer-otkaceni-fakti-za-seksot-01.jpg

Ги одбравме најинтересните цитати на познатите на тема секс, мажи, жени. За голем дел, не се далеку од вистината.

Видете, проблемот е во тоа што Бог им дал на мажите мозок и пенис, но не и доволно крв за двата органи да работат истовремено. - Робин Вилијамс

Ах да, развод. Потекнува од латинскиот збор кој значи откорнете им ги јајцата на мажите преку нивниот новчаник. – Робин Вилијамс

Ако сум баш возбудена и барам нешто жешко и посебно, задното седиште од автомобилот е она што ми треба! – Скарлет Јохансон

Без секс, алкохол и апчиња за спиење, модерниот човек останува сам со себе. - Хенри Милер

Бисексуалноста е двојна шанса за да излезете во сабота вечер. – Родни Дангерфилд

Бракот не е лек за осаменост. Децата ќе пораснат и си одат. Љубовниците не се лек за сè. Сексот не е конечно решение. Ако сте го претвориле животот во долга болест, тогаш смртта е единствен лек. – Ерика Јонг

Клинтон лажеше - мажот може да заборави каде го паркирал автомобилот, па дури и каде живее, но никогаш не може да го заборави оралниот секс, без разлика колку бил лош. – Барбара Буш

Човек не мора да има сексуални односи со некоја девојка за да ја запознае. – Хулио Иглесиас

Добра работа кај мастурбацијата е тоа што не морате да се средувате за неа. – Труман Капоте

Интелектуалец е човек кој има пронајдено барем една работа која е поинтересна од сексот. – Алдус Хаксли

Лош љубовник во француски кревет ќе се прави „Енглез“. – Јосип Сировец

Мајка ми не ја препозна иронијата кога ме нарекуваше „ку*вин син“. – Џек Николсон

Мажите се најдобри во кревет кога ги изневеруваат своите жени. – Мерилин Монро

Не ја потценувајте мастурбацијата. Тоа е секс со личноста која ја сакате. – Вуди Ален

Нимфоманка: Жена опседната со секс исто колку и просечен маж.- Мињон Меклафлин

Познат ви е оној поглед што го има жена кога и се сака секс? Не? Ни мене. – Стив Мартин

На жените им треба причина за да имаат секс, на мажите само место. – Били Кристал

Три најголеми задоволства: вино пред секс и цигари после секс. – Унгарска поговорка

Е. П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Му била прва братучетка, не можела да му прости што зел втора жена – Факти за првата сопруга на Сада... За првата сопруга на Садам Хусеин некои велат дека била подеднакво сурова како н...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg