„Ако го чекаме моментот кога апсолутно сè ќе биде подготвено, никогаш нема ни да започнеме“ - 10 цитати за одложувањето
Procrastinating е англискиот назив на зборот што честопати го слушаме во секојдневието, а „одложување“ би бил најсоодветниот превод за него.
Речиси секој од нас се нашол во ситуација кога намерно ги одолговлекува, т.е. ги одложува работните обврски, го растегнува времето за работа, а потоа брза да го стигне крајниот рок за завршувањето на задачата.
Многумина наоѓаат многу смисла во овој процес, иако е прилично опасен - може да направи да се чувствувате удобно денес, но носи ризично утре.
Повеќемина паметни луѓе веќе ги кажале своите мисли за одложувањето. Прочитајте ги најдобрите цитати:
1. „Одложувањето е крадец на времето.“ – Едвард Јанг
2. „Наскоро коешто не е СЕГА, станува никогаш.“ – Мартин Лутер Кинг
3. „Одложувањето на работите е како кредитна картичка, многу е забавно сè додека не се добие сметката.“ – Кристофер Паркер
4. „Ако чекаш ветрот и времето да се погодат онака како што треба, никогаш нема да засадиш нешто ниту да жнееш нешто.“ – Библија
5. „Не одложувај го за утре она во што можеш да уживаш денес.“ – Џош Билингс
6. „Честопати ме прашуваат како успевам да го направам сето тоа? Одговорот е многу едноставен. Сè што правам, го правам веднаш.“ – Ричард Тенг
7. „Никогаш не оставај го за утре она што можеш да го направиш денес.“ – Томас Џеферсон
8. „Ако го чекаме моментот кога апсолутно сè ќе биде подготвено, никогаш нема ни да започнем.е“ – Иван Тургењев
9. „Ништо не е пофатално за човекот како половина завршената задача.“ – Дејвид Лојд Џорџ
10. „Дали знаете што ќе се случи кога на некој што одложува ќе му дадете добра идеја? НИШТО!“ – Доналд Гарднер
(О)Милена | Црнобело