10 сурови вистини кои најчесто ги забораваме, а треба да се потсетуваме секој ден на нив
Понекогаш треба да ја повториме истата грешка неколку пати за конечно да ја научиме лекцијата. Колку пати досега сте си рекле: „Никогаш повеќе“ или „Ќе го запаметам ова за следниот пат“, само за да се најдете повторно во истата, лоша замка.
Ова се 10 едноставни, но сурови вистини поврзани со нашиот живот кои чести пати ги занемаруваме, а треба едноставно да ги научиме напамет и да живееме согласно истите:
1. Животот е краток.
2. Живееме само еднаш и тоа онака како што ќе ги си направиме самите.
3. Да се биде постојано зафатен и „во гужви“ не значи дека си и продуктивен.
4. Пред успехот секогаш прво доаѓа неуспехот.
5. Да се размислува за нешто и да се направи нешто – се две сосема различни работи.
6. За некој да ви прости, прво морате да се извините.
7. Некои луѓе едноставно нема да ви одговараат во животот.
8. Сакајте се себеси, тоа е ваша задача, не на другите околу вас.
9. Парите не ја дефинираат вашата вредност.
10. Целиот свет се менува од секунда во секунда. Помести се и ти, не си дрво.
(О)Милена | Црнобело