Тишината понекогаш е најгласниот одговор - 18 правила за среќа на Далај Лама

На почетокот на новиот милениум, Далај Лама објавил осумнаесет правила за просперитетен и среќен живот, што сите луѓе со добра волја, без оглед на религијата или политичката припадност, можат да ги применат во нивниот секојдневен живот.

Tisinata ponekogas e najglasniot odgovor Ova se osumnaeset pravila za sreka na Dalaj Lama 01

Доколку ги почитувате овие правила ќе научите како да ги пронајдете мирот и среќата во себе...

Имајте на ум дека голема љубов и голем успех нужно вклучуваат голем ризик.

Во животот не можете да победите секој пат, но многу е важно да научите лекција за поразот.

Следете го правилото на „3П“: Почитувајте се себеси, почитувајте ги другите, преземете одговорност за вашите постапки.

Понекогаш најдоброто нешто што може да ви се случи е да не го добиете она што го сакате.

Научете ги правилата добро за да знаете како добро да ги кршите.

Не дозволувајте малите несогласувања да го повредат големото пријателство.

Tisinata ponekogas e najglasniot odgovor Ova se osumnaeset pravila za sreka na Dalaj Lama 02

Кога ќе сфатите дека не сте во право, сторете сè што можете да ја исправите грешката.

Одвојте барем малку време секој ден за да бидете со себе.

Не плашете се да пробате нешто ново, но не ги напуштајте вашите вредности.

Тишината понекогаш е најгласниот одговор.

Живеј добар и чесен живот. На тој начин, кога ќе остариш и ќе започнеш да размислуваш за својот живот, ќе можеш да уживаш во него по втор пат.

Атмосфера полна со љубов во вашиот дом е темел на вашиот живот.

Tisinata ponekogas e najglasniot odgovor Ova se osumnaeset pravila za sreka na Dalaj Lama 03

Во несогласувањата со најблиските, справите се само со сегашната ситуација. Никогаш не го повикувајте минатото.

Учете и делете го своето знаење со другите. Тоа е единствениот начин да станете вистински бесмртни.

Грижете се за мајката природа.

Одете еднаш годишно на место каде што никогаш не сте биле.

Запомнете дека најдобрата врска е онаа во која вашата љубов кон другата личност е посилна од вашата потреба кон неа.

Судете за вашиот успех според она од што мораше да се откажете за да го постигнете.

Ашера | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Ги гледал своите родители додека се тепаат, а на 18 години бил силуван од маж - Тешката животна прик... Најпосакуваниот маж во Холивуд имал ужасно детство. Онесвестен бил затворен во б...
Причини поради кои жените го сакаат Пауло Коелјо Ги возвишува, знае да го каже токму она што сакаат да го слушнат, за нив вели де...
17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg