13 факти што докажуваат колку е всушност скап Њујорк
За да живеете удобно ќе треба да заработувате 140.000 долари годишно
Просечниот работник во САД заработува 46.696 долари годишно.
Ако сакате да живеете во Њујорк и да имате пристоен живот, ќе треба да заработувате барем 130.000 долари годишно.
Во Њујорк се наоѓа најскапо продадениот стан
Милијардерот Кен Грифин е сопственик на најскапиот дом во Њујорк. Станува збор за пентхаус со 3 ката, што чини неверојатни 238 милиони долари.
Наводно, пентхаусите во Њујорк се толку скапи, што не се ни продаваат. Поради ова, агенциите за недвижности ги делат на помали станови, со цел полесно да ги продадат.
Њујорк е дом на 5-те најбогати општини во државата
Трибека е општина во Њујорк која има годишен приход од 879.000 долари. Тамошните домови во просек чинат по 3 милиони долари, а пентхаусите се продаваат по цена од околу 30 милиони.
Просечната личност троши 51.323 долари годишно за неопходни работи
Во просек, во Њујорк ќе ви бидат потребни 50.000 долари за неопходните трошоци. Односно, ќе трошите околу 4.000 долари месечно за домување, храна, транспорт, медицинска нега и даноци. Овде не се вклучени другите трошоци и заштедата.
4-члено семејство троши 124.129 долари годишно за неопходни работи
Доколку, пак, живеете во Њујорк со деца, ќе ви бидат потребни околу 10.000 долари за неопходните месечни трошоци.
Приватните училишта и градинки чинат и до 50.000 долари годишно
Приватните училишта и градинки во Њујорк се поскапи и од студирањето на Харвард или Принстон.
Дури и банкарите милионери од Вол Стрит го напуштаат градот
Животот во Њујорк е толку скап, што дури и богатите бараат поевтина алтернатива.
Всушност, во 2016-та градот изгуби 8,4 милијарди долари бидејќи жителите, од кои повеќето богати банкари, се преселиле во други градови.
И богатите милениумци постепено се селат од градот, најверојатно поради високите трошоци.
Спирова С. | Црнобело