13 факти што докажуваат колку е всушност скап Њујорк
Њујорк насекаде е познат по високите цени и богатите жители, а голем придонес за ова има „цутењето“ на работниот пазар.
Наводно, Њујорк ја има една од најголемите урбани економии, а во 2018-та, градот го забележа најголемиот економски пораст во изминативе 70 години.
Поради ова, Њујорк постојано се наоѓа во првите 10 градови кои се најскапи за живеење.
Следниве 13 факти ќе ви покажат колку е всушност скап животот во Големото јаболко:
Луѓето со просечна американска плата треба да работат 76,16 часа неделно за да живеат удобно
Истражувањето од финансиската платформа GoBankingRates покажало дека личност со просечна американска плата од 21,63 долари на час, ќе треба да работи дури 76,16 часа неделно за да има удобен живот.
За да живеете „нормален“ живот во Њујорк, годишно ќе ви бидат потребни околу 85.000 долари. Од оваа сума 50% би потрошиле за сметки, храна и кирија, а 30% за работи што не се неопходни. Останатите 20% се предвидени како заштеда.
Некои жители трошат милиони за да живеат во подруми
Бидејќи цените на луксузниот пазар се намалуваат, луѓето се обидуваат да го искористат секој сантиметар квадратен од имотот. Ова значи дека и подрумите се приспособуваат за живеење.
На пример, една жена купила подземен дуплекс за 2,3 милиони долари. Истиот стан над неа, односно на приземје, чинел околу 1 милион повеќе.
Њујорк е град со над 100 милијардери
Според извештај од 2019-та, во Њујорк живеат 105 милијардери. Ова се повеќе милијардери отколку што има во речиси секоја држава, освен САД, Кина и Германија
Киријата за двособен стан е речиси два пати повисока од просечната
Просечната кирија за двособен стан во САД е 1.480 долари. Но, за да изнајмите стан во Менхетен, најскапото соседство во Њујорк, во просек ќе ви бидат потребни 5.530 долари месечно.
Просечната кирија во Њујорк е околу 82% од просечната американска плата.
Месечно за паркинг се потребни над 606 долари
Според еден извештај, ќе ви бидат потребни над 600 долари месечно за да го паркирате автомобилот во Њујорк. За споредба, во Калифорнија ќе ви бидат потребни околу 530, а во Колорадо 560 долари.
Просечната цена на становите е 1,5 милиони долари
Во просек, становите во Америка чинат околу 280.000 долари. Во Њујорк, цената е драстично повисока и ако сакате да имате свој стан, ќе ви требаат барем 1 милион долари.