11 цитати на Едуардо Галеано, латиноамериканскиот книжевен џин, кои ќе ве погодат право во срцето

Едуардо Галеано (1940-2015) бил уругвајски писател и новинар, чие пишување и говорење малкумина ги оставило рамнодушни.

11-citati-na-Eduardo-Galeano-01.jpg

Етикетиран како „литературниот џин на латиноамериканската левица“, во неколку од неговите најпознати дела како „Сеќавајќи се на огнот“ од 1986 година и „Отворените вени на Латинска Америка“ од 1971 година, Едуардо ги поттикнувал читателите на размислувања за светот, религијата, фудбалот, љубовта и уште многу други егзистенцијални теми.

Прочитајте ги неговите 11 најдобри цитати кои ќе ве погодат директно во срцето:

„Живееме во свет во којшто погребите се поважни од покојникот, каде што свадбите се поважни од љубовта, во којшто изгледот е поважен од паметот.

„Ако сум паднал, тоа е затоа што одев. И вреди да се чекори, дури и ако паднеш“.

„Љубовта е понижувачка бидејќи се извршува вертикално и одозгора; солидарноста е хоризонтална и подразбира заемна почит“.

„Гладот влијае врз стравот. Стравот од тишина ги пробива улиците. Стравот се заканува: Ако љубиш, ќе имаш сида. Ако пушиш, ќе имаш рак. Ако дишеш, ќе вдишеш загаден воздух“.

„Единствениот начин да не се повтори историјата е да ја чувате во живот“.

„Живееме во свет во којшто погребите се поважни од починатите, каде што свадбите се поважни од љубовта, каде што изгледот е поважен од умот. Живееме во култура на пакување што ја презира содржината“.

„Само будалите веруваат дека тишината е празнина, таа никогаш не е празнина. Понекогаш најдобриот начин за комуникација е токму тишината“.

„Насилството предизвикува насилство, како што знаеме; но исто така генерира профит за индустријата на насилство, која го продава како спектакл и станува предмет на потрошувачка“.

- Постои таканаречена меѓународна заедница? Дали е тоа нешто повеќе од клубот на трговците, банкарите и војниците? Дали тоа е нешто повеќе од уметничко име што САД го даваат кога играат?

„Многубројни се оние што се осудени на глад за леб, а уште побројни се оние осудени на глад за прегратки“.

„Мојот најголем страв е дека сите ние патиме од заборав. Пишувам со цел да го закрепнам паметењето на луѓето, кое е во опасност да биде уништено“.

„Најмоќните институции, ММФ и Светската банка, водат три или четири држави. Останатите гледаат. Светот е организиран според воената економија и културата на војната“.

„Сè поважен е резултатот, а сè помалку важни вештините. Резултатот стана непријател на ризикот и авантурата. Се игра за да се заработи и да не се изгуби, а не за да се ужива во радоста поради давање радост. Од година на година, фудбалот се лади, а водата наместо крвта во вените, гарантира успех“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Не го покажува лицето во јавност, се грижи за децата од „бившите“ на сопругот – Која е првата дама н... Со неа ја направил најскапата свадба во светот. Таа му е братучетка и по мајчина...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
10 забавни факти за кои сигурно не сте слушнале (и ќе ве фасцинираат) Во Шкотска постои 421 различен збор за снег, Судан има скоро двојно повеќе пирам...
Брат му загинал во Виетнам, татко му бил алкохоличар – (вистински) факти за Чак Норис Таткото на Чак Норис бил алкохоличар кој под дејство на алкохол прегазил и убил ...
Забавни цитати за полничките девојки - „Мојот стил е огнен, како и моите облини“ „Јас не сум дебела, Бог ме сака толку многу што ме направи во гооолема величина“...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg