„Знаете дека сте веќе стари кога свеќичките ве чинат повеќе пари отколку тортата“ - цитати за стареењето

Дали стареењето неминовни нè прави помудри? Или побудалести?

Citati-za-stareenjeto-01.jpg

Според некои автори стареењето едноставни нè прави само потврдоглави. Други пак сметаат дека со текот на годините немате веќе енергија да им удоволувате на луѓето онака како што сте го правеле тоа во младоста.

Во секој случај, стареењето е природно и неминовно, а според Џорџ Клуни многу подобра алтернатива отколку втората – смртта.

Прочитајте ги најинтересните цитати во врска со стареењето:

„Како што старееш се случуваат три работи. Прво, полека ја губиш меморијата… и не можам да се сетам на другите две“.

„Како што старееме нашите тела се скусуваат, а вицовите што ги раскажуваме стануваат подолги“.

„Човекот е стар кога наместо да шлапне во вир, тој го заобиколува“.

„Најдобрата работа во стареењето е тоа што не ги губите годините кои веќе сте ги поминале“.

„Не можете да ѝ избегате на староста, но тоа не значи дека мора да остарите“.

„Немојте да се жалите затоа што сте остареле. Тоа е привилегија која им е одземена на многумина“.

„Како што станувате постари така и ветрот станува посилен – и секогаш дува во вашето лице“.

„Како што човек станува постар толку потешко станува да го уплашиш“.

„Како што стареам толку помалку верувам во познатата изрека дека годините носат мудрост“.

„Некои луѓе со староста стануваат помудри, но најголемиот дел од нив едноставно стануваат потврдоглави“.

„Како што старееме истовремено стануваме и помудри и побудалести“.

„Една од добрите работи на стареењето е што сфаќаш дека си многу поинтересен од најголемиот дел на луѓето што ги запознаваш“.

„Доколку постојано се бориш против стареењето, секогаш ќе бидеш несреќен бидејќи процесот е неизбежен“.

„Стареењето ми е пријатно бидејќи е подобро од другата опција, да бидеш мртов. Што значи радо би стареел“.

„Не старееш, стануваш подобар“.

„Како што старееш почнуваш да го сфаќаш животот малку подобро“.

„На крајот не се важни годините во твојот живот. Важен е животот што си го имал низ годините“.

„Топло го препорачувам стареењето! Имате помалку тенденција да им удоволувате на сите“.

„Во мигот кога ќе се родите веќе почнувате да стареете“.

„Знаете дека сте веќе стари кога свеќичките ве чинат повеќе пари отколку тортата“.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Филмски цитати кои носат длабока животна порака „Сè што треба да одлучиме е што да правиме со времето што ни е дадено“, The Lord...
Факти за човечкото тело што ги бунат и научниците Знаевте ли дека фетусот може да го забрза закрепнувањето на телото на мајката? А...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg