Слоновите се плашат од глувци - најголемите митови во коишто цврсто веруваме
Постојат факти за кои отсекогаш сме сметале дека се вистинити, а пак тие всушност се заблуди за кои веруваме со години, па дури и децении.
Постојат работи во кои дефинитивно веруваме. Тие се раскажувале, пренесувале од генерација на генерација со години, па дури и децении и се усвојувале како сигурни вистини.
Сепак, честопати е случај некои нови истражувања целосно да го уништат „митот“ и да ја откријат правата вистина за утврдените и навидум некршливи факти.
Во продолжение Ви наведуваме неколку од нив:
1. Кристофер Колумбо ја открил Америка
Една од најголемите заблуди претставува тврдењето дека Кристофер Колумбо бил првиот човек кој во 1492 година стапнал на Американскиот континент.
Всушност, пред стапките на Колумбо на ова тло прв зачекорил скандинавскиот авантурист Лејф Ериксон кој во десеттиот век, околу 500 години пред Кристофер Колумбо ја открил територијата којашто денес ја нарекуваме Њуфаундленд.
2. Златните рипки имаат помнење од три секунди
До неодамна се сметаше дека овие риби имаат меморија помалку од три секунди и дека не е важно во колкав сад или аквариум живеат, бидејќи поради нивната меморија постојано се чувствуваат како да го истражуваат своето ново живеалиште.
Сепак, петнаесет годишен ученик од Австралија го докажал сосема спротивното, правејќи експеримент во кој успеал да создаде мемориска врска помеѓу рипката и предметот во којшто ја носел неговата храна.
Тој докажал дека рибите имаат меморија дури и повеќе од шест дена, бидејќи при секое појавување на одредениот предмет, рипката знаела точно што следува и ја заземала својата позиција.
3. Монт Еверест е највисокиот врв на светот
Сите мислат дека Монт Еверест е највисокиот врв на Земјата, со околу 8.850 метри надморска височина, но доколку се издигне највисоката точка најблизу до Месечината, резултатот ќе биде поинаков.
Нашата планета содржи многу вдлабнатини и испакнатини, од кои највисокиот е околу екваторот.
Така, жителите на Еквадор, Кенија, Танзанија и Индонезија се всушност поблиску до Месечината од останатите, а највисоката точка на Земјата би можела да се смета за Монт Чимборазо, сместен во Еквадор.
4. Лилјаците не гледаат
Овие животни не се слепи, нивното сетило за вид се наоѓа на една од највисоките можни скалила, но само на светлина.
Нивната способност за ехолокација им овозможува да пренесат импулси коишто се одбиваат од други тела и предмети во околината, па така да создадат повратни информации за изгледот на просторот во кој се движат.
Со ова доаѓаме до заклучок дека лилјаците гледаат подобро од многу други животни.
5. Грмотевицата никогаш не удира два пати на исто место
Ова е една од најголемите лаги на денешницата.
Самото тоа дека верувајќи на оваа теза ќе се чувствуваме подобро за време на невреме и грмотевици, не ја прави истата вистинита.
Гром може да удри дури и кога невремето е оддалечено на шеснаесет километри од вас.
Неверојатен е фактот дека на годишно ниво, прочуената Empire State Building е погодена од грмотевици дури над 100 пати.
6. Бананите растат на дрвја
Бананите растат на „нешто“ со големина на дрвото, но дрвото од бананата всушност не е дрво.
Растението на кое расте банана, може да порасне до 25 стапки и е всушност најголемата повеќегодишна билка во светот.
7. Имаме пет сетила
Покрај петте емпириски сетила: вид, слух, допир, вкус и мирис, има и најмалку четири други сетила кои ретко се цитираат и тоа: проприоцепција - чувство на нечија ориентација во просторот; термоцепција - чувство на температура; еквилибриоцепција - чувство на рамнотежа; и интероцепција - чувство за физиолошка состојба на една личност.
Следниот пат кога некој ќе разговара за нивните 5 сетила, можете да кажете дека имате 9 сетила, а можеби и повеќе и потоа да ги оставите да мислат дека имате суперсили.
8. Слоновите се плашат од глувци
Овој мит потекнува од детските приказни.
Би било смешно толку големо суштество да се исплаши од мало и безопасно глувче. Како и да е, слоновите немаат посебен страв од глувци.
Вистината е во тоа што тие имаат доста слаб вид и се движат навистина бавно.
Тоа значи дека слоновите можат да бидат големи, силни, па дури и храбри, но сепак можат да бидат запрепастени кога на нивниот пат ќе се појави мало животинче, на пример гуштер или птица, но не конкретно глушец.
9. Биковите ги разлутува црвената боја
За биковите и останатиот добиток се смета дека страдаат од далтонизам, такашто сознанијата дека црвената боја е нивниот непријател се со сигурност целосно невистинити.
Сепак, тие се искусни и борбени суштества што знаат да изреагираат бурно при провокација и нагли потези.
Во борби со бикови, матадорот може да има црвена наметка (мулета), но тоа е причината за дивиот и бурен напад на бикот, туку ароганцијата од страна на матадорот.
10. Човечките суштества еволуирале од мајмуни
Дури и повеќето светски критичари и поддржувачи на еволуцијата можат да се согласат за оваа точка.
Стандардната еволутивна теза е дека човечките суштества и разните видови мајмуни (горили, боноби, орангутани и сл.) , еволуирале од обичниот предок.
Луѓето се развивале од предок, кој бил многу поинаков од тој на мајмуните.
Кога би морале да споредуваме, предок најсличен до човековиот е оној на шимпанзото.
Мила М. | Црнобело