„Сте пробале, не сте успеале. Без разлика, пробајте повторно.“ – Инспиративни мисли за животот
Дали сте во потрага по мотивација и инспирација да станете наутро? Ако одговорот е да, тогаш сте на вистинското место.
Низ историјата се кажани многу мудрости од луѓе кои светот никогаш нема да ги заборави.
Мудрости кои секогаш ќе направат да се чувствувате подобро и ќе ви дадат инспирација во животот.
Па, затоа доколку ви треба мал потсетник да бидете свои и да продолжите да сонувате, ние за вас издвоиме 11 прекрасни мисли.
Хелен Келер
„Најдобрите и најубавите работи во светот не можат да бидат видени или допрени - тие мора да ги почувствувате со срцето.“
Оскар Вајлд
Чувајте ја љубовта во вашите срца. Живот без љубов е како градина без сонце кога цвеќињата се мртви.“
Маја Анџелоу
„Пробај да бидеш виножито во нечии облаци.“
Махатма Ганди
„Таму каде што има љубов, таму има живот.“
Роберт Фрост
„Во три збора јас можам да сумирам сè што научив за животот: тој продолжува понатаму.“
Теодор Рузвелт
„Верувај дека можеш и половина си постигнал.“
Еленор Рузвелт
„Иднината им припаѓа на оние кои веруваат во убавината на нивните соништа.“
Џорџ Бернард Шо
„Животот не е за да се пронајдеш себеси. Животот е за да се создадеш себеси.“
Семјуел Бекет
„Сте пробале. Не сте успеале. Без разлика. Пробајте повторно. Повторно доживејте неуспех. Подобар неуспех.“
Едит Вартон
„Постојат два начина да ја раширите светлината: да бидете свеќата или пак огледалото што ја рефлектира.“
Сатчел Пејџ
„Работете како да не ви требаат пари. Љубете како никогаш да не сте биле повредени. Танцувајте како никој да не ве гледа.“
Т. Ѓ. | Црнобело