Постои пресуда „не e докажано“, чудовиштето Неси има „брат“ - 10 чудни факти за Шкотска
Бесплатни продукти за нега и лична хигиена за жени
Пред околу една година, Шкотска стана првата држава која понуди бесплатни продукти за нега и хигиена за жени.
Овие продукти се достапни во државните институции, како библиотеки, училишта и јавни центри.
Забрана за вкрстување на расни миленици
Шкотска е голем борец за правата на животните. Поради ова, државата се бори и против вкрстувањето на расните миленици.
Сини светла
Со цел да се разубави градот, во Глазгов има улични светла со сина боја.
Подоцна се забележало дека после промената на светлата, во градот имало помалку убиства и прекршоци.
Психолозите веруваат дека причината за ова е тоа што сината боја најчесто ја претставува полицијата, па потсвесно нè тера да се однесуваме повнимателно.
Земја од острови
Шкотска ја сочинуваат дури 790 острови, но населени се само 99.
Воглавно, луѓето живеат на островите на северниот дел од државата, а другите острови се користат за риболов или се напуштени.
Бонибриџ
Според гласините, вонземјаните навистина го сакаат малото шкотско село Бонибриџ.
Ова село често е нарекувано и портал до друга димензија, бидејќи дури 300 од локалните жители имаат изјавено дека виделе НЛО.
Секој втор жител, пак, тврди дека видел нешто слично на НЛО.
Спирова С. | Црнобело