Постои пресуда „не e докажано“, чудовиштето Неси има „брат“ - 10 чудни факти за Шкотска
Од зелените пејзажи и богатата историја, па сè до културата и карактерот на луѓето, Шкотска е држава што многумина сакаат да ја посетат.
Но, изгледа дека Неси од Лох Нес и црвенокосите луѓе не се единствените уникатни и интересни работи за оваа држава.
Шкотска е држава што има да понуди многу, вклучувајќи и по некој интересен факт.
Ако сакате да научите нешто ново, прочитајте ги фактите за Шкотска што сигурно ќе ве изненадат:
Неси и Мораг
Сите знаеме за чудовиштето Неси кое живее во шкотското езеро Лох Нес. Но знаевте ли дека според легендата, Неси има и „брат“? Другото чудовиште од Шкотска е познато како Мораг и наводно живее во езерото Лох Морар.
Интересно е што има 34 снимки, кои веројатно се доказ за неговото постоење.
https://www.instagram.com/p/B3sUWPwDiJB/?utm_source=ig_embed&utm_campaign=dlfix
Земја на црвенокоси
Во секоја држава, околу 1% од населението се раѓа со црвена коса. Но во Шкотска, дури 13% од жителите имаат црвена коса.
Ова значи дека во речиси секое шкотско семејство, има по едно црвенокосо бебе.
Истражувањата покажале дека црвенокосите луѓе можат да добиваат повеќе витамин Д од сонцето, а во Шкотска речиси секогаш е облачно.
За време на судење постои пресуда „не e докажано“
Од 17-тиот век, правосудниот систем на Шкотска има одобрено три пресуди – виновен, не e виновен и не е докажано.
Последната опција значи ослободување на осомничениот поради недостиг на докази, дури и ако судот е сигурен за неговата вина.
https://www.instagram.com/p/B3tjOUZA8Ff/?utm_source=ig_embed
Прав Шкотланѓанец
Постои една приказна, според која правиот Шкотланѓанец не носи долна облека под килтот.
Во минатото, Шкотите биле проверувани дали носат долна облека и ако носеле, ги терале да ја соблечат.
Џуџиња со шкотски акцент
Шкотите се познати по тоа што пијат колку што сакаат, зборуваат колку што сакаат, пцујат колку што сакаат…
Џуџињата во фантастичните филмови често ги имаат овие особини и речиси секогаш имаат шкотски акцент.
Поради ова, како да се родила некоја традиција секое џуџе да се претставува како дел од оваа држава.
https://www.instagram.com/p/ByyVZA-pza8/?utm_source=ig_embed