Целта на животот е смртта - Сурови животни вистини од Сигмунд Фројд

Сигмунд Фројд е австриски невролог, кој најдобро е познат како „татко“ на психоанализата. Иако можеби дел од неговите теории се покажале како лажни или биле отфрлени, неговото дело засекогаш ќе остане важно во историјата на психијатријата.

celta-na-zhivotot-e-smrtta-surovi-zhivotni-vistini-od-sigmund-frojd-01.jpg

Фројд бил и контроверзен и не секој бил подготвен да слушне што има да каже.

Но, доколку ги прифатите овие сурови вистини од него, вашиот живот може да стане многу подобар.

1. Целта на животот е смртта.

Личноста која е свесна за ова, речиси секогаш ќе покажува храброст. Според Фројд, најважно е да ја сфатите смртта.

2. Две работи помагаат во одржувањето на здравјето – љубовта кон животот и љубовта кон работата.

Тоа што еден ден ќе умреме, не значи дека не треба да го живееме животот најдобро што можеме. Вашата работа може или да ви го разубави, или да ви го уништи животот.

Многу е важно она што го правите да ви помага да созреете.

3. Вашата сила е во вашата слабост.

Вашите непријатели можат да ве уништат само со притисок кон вашите слабости. Но, доколку ги прифатите вашите недостатоци, другите нема да можат да ги користат против вас.

4. Она што го сметате за љубов, не е љубов, туку либидо. Тоа нема врска со вистинската љубов.

За да ја тестирате вашата љубов, замислете си дека саканата личност ве повредува. Ако сте подготвени да останете со неа и после тоа, дури тогаш станува збор за вистинска љубов.

celta-na-zhivotot-e-smrtta-surovi-zhivotni-vistini-od-sigmund-frojd-02.jpg

5. Луѓето се поморални од што мислат и многу понеморални отколку што можат да претпостават.

Секој во животот си го одбира својот пат. Кој пат и да го изберете, немојте да ги критикувате другите.

Токму ова е најнеморално од сè.

6. Соништата се пат кон несвесното.

Фројд е првиот кој го сфатил значењето на соништата и почнал да ги користи во терапијата.

Без разлика во каква ситуација сте, вашите соништа можат да ви откријат што навистина ви претставува проблем.

7. Нервозата е неможност да се поднесе неизвесноста.

Загриженоста што ја чувствувате поради неизвесноста, може да биде едно од најтешките чувства.

Сепак, сите на различен начин реагираат во ваква ситуација.

celta-na-zhivotot-e-smrtta-surovi-zhivotni-vistini-od-sigmund-frojd-03.jpg

8. Луѓето можат да се заштитат од напад, но се немоќни пред комплимент.

Повеќето не можат да поднесат критика.

Но интересно е што на повеќето, уште потешко им е да прифатат комплимент.

9. За да ја разберете жената, треба лавиринтот да го претворите во права линија.

Можеби токму ова е причината што мажите се попредвидливи.

10. Отсекогаш сте барале самодоверба и сила кај другите, но сето ова е само во вас.

Ако самодовербата не ви зависи од мислењето на околината, тогаш ќе бидете посреќни и попродуктивни.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
Бившиот ја остави за посвоената ќерка, 3 деца ѝ починаа: Факти за Миа Фароу Режисерот Вуди Ален ја остави за нивната нејзината посвоена ќерка, а се венча со...
Мајка ѝ ја терала да стане проститутка – Која е Марија Калас, оперската пејачка што ја глуми Анџелин... Во нов филм, Анџелина Џоли ја глуми Марија Калас – оперската пејачка со потекло ...
Мажите ѝ пишувале љубовни писма: Факти за Мона Лиза, најпознатата слика во светот Мона Лиза е портрет направен според жена со сосема друго име, но самата слика им...
Смешни цитати во кои ќе се пронајде секој родител „Кога на првото дете ќе му падне цуцлата, ја стерилизирате. Кога на второто дете...
Спиел со над 3.000 жени, бил опседнат со секс: Бурниот љубовен живот на Енцо Ферари Енцо Ферари бил во брак со само една жена, но во меѓувреме имал две љубовници, а...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg