„Нема совршени луѓе, само совршени намери“ - 10 инспиративни цитати на маестралниот Морган Фриман
Авторитативен глас, смирено однесување и извонредна глума се само неколкуте карактеристики поради коишто Морган Фриман се смета за една од најпочитуваните фигури во современото американско кино.
Морган е роден на 1 јуни 1937 година во САД. Уште од најрана возраст покажувал афинитети кон актерството и целата заштеда ја трошел за да гледа филмови во кино. Поради тогашните дискриминации кон црната раса, Морган и неговото семејство биле протерани од својот дом и тој морал да се избори за да живее подобар живот.
Израснат во повеќечлено семејство со ниски приходи, од мали нозе научил да биде борец. Одреден период од животот живеел со својата баба, за подоцна да се врати кај мајка си која го напуштила неговиот татко бидејќи бил алкохоличар. Имал огромна желба да стане воен пилот и се приклучил на воздушните сили, но наместо тоа тој бил преместен во теренските активности како механичар и радарски техничар.
Во 1960 година се преселил во Њујорк каде преку ден непрекинато работел, а пак вечерта посетувал разни аудиции. Дури на свои 50 години глумецот со екстравагантна судбина почнал да добива познати улоги, за да на 67 годишна возраст освои Оскар за неговата глума во филмот „Milion dolar baby“.
Во продолжение ви издвојуваме едни од најдобрите инспиративни совети за живот на Морган Фриман, за тоа како да бидете подобра личност, да се цените, сакате и предизвикувате себеси, а воедно и луѓето околу вас:
„Ние луѓето сме повеќе засегнати „да имаме“ отколку „да бидеме“ “.
„Како го менуваме светот? Со еден случаен чин на љубезност од време на време“.
„Сè додека се чувствувате како жртва, вие сте една од нив“.
„Најдобар начин за загарантирана загуба е да се откажеш“.
„Еднаш слушнав еден мудар човек кој рече дека нема совршени луѓе. Само совршени намери“.
„Ако сакате да видите чудо, бидете чудо“.
„Никогаш не дозволувајте гордоста да ви биде водечки принцип. Нека вашите достигнувања зборуваат за вас“.
„Напаѓањето на лицата со посебни потреби е најнизок степен на моќ кој можам да го замислам“.
„Како ќе се ослободиме од расизмот? Престанете да зборувате за него!“
„Луѓето треба да започнат да размислуваат за пораките што ги испраќаат во филмовите“.
Мила М. | Црнобело