„Подобро е да живееш еден ден како лав отколку сто како овца“ – најдобрите италијански поговорки

Италијанците се познати како големи шегобијци, па не е никакво чудо што нивните најпознати народни поговорки се исполнети со иронија и сарказам.

Najdobrite-italijanski-narodni-pogovorki-01.jpg

„Последното одело се крои без џебови“ ќе кажат во Италија. „Нема свадба без солзи, ниту погреб без смеа“.

Доколку сакате да откриете уште некоја народна мудрост од државата во облик на чизмичка, продолжете со читањето:

1. Утрото е мајка на работата, а ноќта на мислите.

2. Ситните кражби често пати ќе ги најдеме во друштво на големите криминалци.

3. Парите што сте ги заштедиле се двојно заработени.

4. Можеме да го кажеме она што не го знаеме, но не можеме да го дадеме она што го немаме.

5. Еден цвет не прави цел венец.

6. Чекори полека за да не креваш прашина.

7. Оној што не е нестрплив, не е вљубен.

8. Устата понекогаш знае да се насмее, а срцето ништо да не знае за тоа.

9. Нема свадба без солзи, ниту погреб без смеа.

10. Проклет да биде стомакот кој не се сеќава на лебот што го јадел.

11. Колку што повеќе го жртвуваш сопственото его, толку посилна и повистинскa е твојата љубов.

12. Не е убаво она што е убаво, туку е убаво она што нам ни се допаѓа.

13. Да се сака, а да не бидеш сакан е исто како да се одѕиваш, а никој не те повикал.

14. Последното одело се крои без џебови.

15. Споменот на страдањето ја удвојува среќата.

16. Странскиот јазик подобро се учи во кујната отколку во школските клупи.

17. Љубовта е слепа, но гледа од далеку.

18. Онаму каде што недостасува сила ја надоместуваме со волја.

19. Подобро е да се живее макар еден ден како лав отколку сто години како овца.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

17 демотивациски цитати за луѓето кои мразат инспиративни пораки Направете нешто добро за некого денеска... оставете ги на мира, животот им е она...
10 цитати за сите вљубеници во Италија „Се гушам ако еднаш годишно не дишам италијански воздух“… Се чувствувате ли и ви...
Забранети се големи роденденски забави – Факти за Таџикистан, една од најсиромашните земји во светот Во Таџикистан е забрането славење роденден со голема забава надвор од домот. Ист...
Факти за јутуберката Настја (9): Родителите дале отказ откако заработила милиони Кога се родила, лекарите ѝ дијагностицирале церебрална парализа. Претпоставувале...
„Стареењето е привилегија што ја нема секој“: Цитати кои ќе ви покажат дека годините не треба да ве ... „Секој кој престанува да учи е стар, без разлика дали има 20 или 80 години. Оној...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg